Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:07 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Политика [10]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Политика » Политика

    „Состојбата во Киев е државен удар„

    „Состојбата во Киев е државен удар„

    Украинскиот премиер Микола Азаров ја спореди ситуацијата во Киев со државен удар, пренесува МИА


    - Тоа ги има сите индиции на државен удар, тоа е многу сериозна работа. Ние покажуваме трпение, но би сакал нашите партнери да не мислат дека се е дозволено, изјави Азаров на средбата со амбасадорите на ЕУ, на Канада и на САД.

    Азаров посочи дека во Украина се блокираат зградите на државните институции, дека државните службеници не можат да одат на работа, не можат да ги исполнуваат основните функции и оти тоа ќе влијае врз исплатата на плати и пензии.

    Тој претходно посочи дека украинската Влада бара од опозицијата да ги деблокира зградите на државните установи за да се обнови нормалното одвивање на работата.

    Поради ситуацијата Азаров побара од странските амбасадори да ја повикаат украинската опозиција мирно да протестира без да употребуваат сила.

       (Нова Македонија)
       2 декември 2013

      
    Rating: 0.0/0
    Views: 259 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024