Јанукович се упатил во Сочи при враќањето од посетата на Кина, а за време на кусиот состанок со Путин разговарале за билатералните врски и подготовките за состанокот на руско-украинската меѓудржавна комисија што треба да биде одржана во Москва.
- Украинскиот претседател претходно ja откажа посета на Малта, планирана за следната недела за да може да се фокусира на домашните проблеми, соопшти неговиот Кабинет.
Од Кабинетот дополнија дека претседателот ја одложил посетата на Малта бидејќи своето внимание треба да го насочи кон внатрешните политички прашања.
(Денешен Весник)
6 декември 2013