Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:01 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН САКААТ МИРОЉУБИВО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ

    ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН САКААТ МИРОЉУБИВО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ

    Ерменија и Азербејџан сакаат на мирољубив начин да го решат конфликтот за регионот Нагорно-Kарабах. Тоа е договорот што го постигнале претседателите на двете земји под покровителство на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) во Виена, пренесува „Танјуг". 

    Според соопштението на ОБСЕ, претседателите на Ерменија, Серж Саркисјан, и на Азербејџан, Илхам Алиев, разговарале во вторникот во четири очи во Виена и одржале состанок со копретседателот на т.н. група Минск, која посредува во овој конфликт. Kако што е наведено, во Виена биле и шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Азербејџан, Едвард Налбандјан и Елмар Мамадјаров. Резултатот од состанокот во Виена е дека Саркисјан и Алијев се согласни да се продолжи во потрагата за мирољубиво решение по пат на преговори. 

    Непризната држава

    Наредните месеци треба да се одржи и втор состанок на претседателите, а во меѓувреме шефовите на дипломатии, заедно со групата Минск на ОБСЕ, треба да поттикнат интензивирање на мировниот процес. До крајот на годинава треба да се иницира и мисија на групата Минск во регионот.

    Саркисјан и Алијев последен пат се сретнаа во 2012 година во Сочи. Иако од 1994 година во сила е примирјето меѓу двете земји, конфликтот меѓу овие две поранешни републики од СССР за спорниот регион е с` уште нерешен.

    Нагорно-Kарабах меѓународно правно му припаѓа на Азербејџан, исламско-туркиска држава, а во него живеат христијански Ерменци. Регионот се наоѓа под целосна воена и политичка контрола на локалното ерменско население. 

    Двата народа воделе војна од 1918 до 1920 година за овој регион пред Москва повторно да ја консолидира власта на Јужен Kавказ. Во 1923 Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот претежно населен со Ерменци во азербејџанската ССР и го именувал како Нагорно-Kарабахска Автономна Област (НKАО). 

    Раселени милион луѓе

    На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НKАО и во соседниот округ Шахумијан, Ерменците одржале референдум, а на 6 јануари 1992 година била прогласена независност од Азербејџан како Нагорно-Kарабахска Република (НKР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава вклучувајќи ја и Ерменија. Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан кулминирајќи со војната во Нагорно-Kарабах. 

    Во конфликтот, кој повторно изби на крајот од советската ера во 1988 година, животот го изгубиле околу 25.000 луѓе. Во времето кога изби конфликтот енклавата се протегаше на површина од 4.400 квадратни километри со околу 190.000 жители, од кои 145.000 се Ерменци. Повеќето од 40.000 Азербејџанци избегале или се протерани. Дури 230.000 Ерменци од Азербејџан и 800.000 Азери од Ерменија и од Kарабах се раселени како резултат на судирите. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Kарабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НKР добива и де факто посебна влада. Оттогаш страните водат мировни разговори со посредство на групата Минск на ОБСЕ, но засега без успех.

                   (Дневник)

                   21 ноември 2013 година
    Rating: 0.0/0
    Views: 295 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024