Според организаторите, на митингот учествуваа над 50.000 лица, кои дошле од различни краеви на Молдавија.
Демонстрантите бараа оставка од владата и предвремени избори.
Митингот беше организиран на само една недела пред самитот на Источното партнерство во Вилнус, на која Молдавија се надева да ја потпише спогодбата за асоцирање и да добие зона за слободна трговија со ЕУ.
Пред потпишување на спогодбата во Вилнус власта тајно оддржува преговори со ЕУ, а го пренебрегнува јавното мислење, парламентот, грубо го прекршува Уставот на земјата, наведе опозицијата.
-Молдавија е способна самостојно да гради демократска држава, без да се обврзува со западните европски стандарди, изјави пред учесниците на митингот лидерот на комунистите и поранешен претседател на Молдавија Владимир Воронин.
Тој ја поздрави Украина за нејзината одлука да се откаже од спогодбата за асоцирање со ЕУ.