Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:51 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Договорена новата германска владина коалиција

    Договорена новата германска владина коалиција

    Христијанско-демократската Унија, Христијанско-социјалната унија и Социјалдемократската партија одржаа маратонски, 17-часовни преговори, и го искористија последниот рок за да ги договорат деталите околу концептот според кој ќе функционира новата влада.

    Во тензичните преговори кои беа финале на петнеделните разговори меѓу двата блока, СПД сепак успеа да обезбеди клучни концесии од конзервативците, вклучително и воведување на законски утврдена минимална плата од 2015 година, но и Меркел остана цврсто на сопствените „црвени линии" не отстапувајќи од блокадата на предлозите за повисоки даноци за богатите и за зголемување на задолжувањето.

    Меркел сега очекува да положи заклетва за трет канцеларски мандат на 17 декември, но дотогаш останува уште една голема пречка: референдумот на членството на СПД, на кој треба да се аминува учеството на социјалдемократите во големата коалиција.

    „Преговаравме тешко до самиот крај. За нас ова е пакет за кој верувам дека можеме да го презентираме пред членството", изјави генералната секретарка на СПД, Андреа Налес.

    „Договорот е добар за нашата земја и носи силен демохристијански печат", оцени генералниот секретар на ЦДУ, Херман Грое. Задоволство изрази и генсекот на баварската ЦСУ, Александар Добринт кој смета дека „сите клучни елементи се рефлектираат во коалицискиот договор".

    Минимална плата

    И покрај позитивниот исход, сите прашања остануваат отворени до 14 декември, за кога е закажано гласањето на околу 470 илјади членови на СПД околу коалицискиот договор. Неизвесно е дали членството на партијата ќе гласа позитивно, особено доколку се имаат предвид катастрофалните последици за СПД од последната голема коалиција со ЦДУ, од 2005-2009. година, по која партијата доживеа два тешки изборни порази. Шефот на СПД, Зигмар Габриел се надева дека со концесиите кои ги доби на коалициските преговори ќе успее да го убеди членството на 150-години старата партија во исправноста на одлуката.

    Аргумент плус за Габриел ќе биде договореното воведување на минимална плата за час работа од 8,5 евра која делумно ќе стапи во сила од 2015 година. СПД исто така успеа да ги протурка и предлозите за 30-процентно учество на жените во управните одбори на компаниите, како и укинување на забраната за двојно државјанство, за што особено беше заинтересирано турското малцинство во земјата.

    И баварската ЦСУ успеа да го протурка своето главно барање во коалицискиот договор. Во текот на следната година ќе се воведат патарини за странците на германските автопатишта, но најпрво ќе треба да се утврди дали таквиот закон ќе биде во согласност со правилата на ЕУ.

    Лидерите на трите партии, Меркел, Габриел и Хорст Зехофер денеска напладне ќе ги презентираат деталите од договорот.

       (Дојче веле)
        28 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 252 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024