Обама: Албанија придонесува за стабилноста на Балканот
Американскиот претседател Барак Обама испрати телеграма со честитки до албанскиот претседател Бујар Нишани по повод 101-годишнината од независноста на Албанија, во која му оддаде признание за придонесот на земјата во зачувување на стабилноста на Балканот, пренесува МИА
Обама во телеграмата дава висока оценка и за ангажманите на Албанија за зачувување на мирот и безбедноста на глобално ниво, вклучувајќи ја и меѓународната мисија во Авганистан.
Во телеграмата е посочено дека Албанија и САД одржуваат континуирано партнерство, кое се базира на взаемните интереси.
(Нова Македонија)
28 ноември 2013