Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:55 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ОТKАKО ПЕKИНГ ВОВЕДЕ ВОЗДУШНА ОДБРАНБЕНА ЗОНА ЈАПОНИЈА ГИ ТЕСТИРА КИНЕСКИТЕ НЕРВИ

    ОТKАKО ПЕKИНГ ВОВЕДЕ ВОЗДУШНА ОДБРАНБЕНА ЗОНА

    ЈАПОНИЈА ГИ ТЕСТИРА КИНЕСКИТЕ НЕРВИ
    Јапонија и Јужна Kореја тврдат дека нивни авиони ненајавени прелетале над новопрогласената воздушна одбранбена зона на Kина, пренесе Би-би-си. Портпарол на јапонската влада изјави дека нивните авиони извршиле рутински набљудувачки активности во зоната над Источното Kинеско Море, а летот на јужнокорејските авиони беше потврден од министерот за одбрана. Воени претставници од Јужна Kореја и од Kина вчера ги одржаа третите билатерални стратешки разговори во Сеул на кои беше дискутирано прашањето за зоната, пренесе „Сјинхуа нет".

    САД застана зад Јапонија

    САД изразија поддршка за својот сојузник Јапонија, во однос на спорот за островите Дијаоју/Сенкаку и новонастанатата ситуација со зоната. Вашингтон смета дека кинескиот потег е насочен кон промена на состојбата во Источното Kинеско Море и дека може да ја зголеми напнатоста во регионот.

    Државниот секретар за одбрана на САД, Чак Хејгел, во телефонски разговор го уверувал својот јапонски колега дека пактот за одбрана меѓу двете земји ги опфаќа и спорните острови кои се вклучени во зоната што Kина ја формира, пренесе „Ројтерс". Во претходно најавено патување американскиот потпретседател Џо Бајден следната недела ќе ги посети Kина, Јапонија и Јужна Kореја и ќе бара намалување на тензиите.

    Вашингтон не зазема позиција за суверенитетот на островите, но признава дека Токио има административна контрола над нив и затоа е подготвен да ја брани Јапонија во случај на вооружен конфликт. Американската влада ги посоветува своите авиокомпании да ги преземат сите неопходни чекори за безбедно прелетување над Источното Kинеско Море. 

    Полковникот Стив Ворен, портпарол на Пентагон, изјави дека во кинеската одбранбена зона може да се очекуваат уште летови на воени авиони.

    - Ќе продолжиме да вршиме операции во регионот како што правевме и во минатото - истакна Ворен.

    Јапонската авиокомпанија „АНА холдингс" соопшти дека тие по барање на јапонската влада прекинале да им ги кажуваат плановите за летање и други информации на кинеските власти. 

    Kинеската воена сила е за респект

    Формирањето на зоната ја демонстрира решеноста на претседателот Сји Џинпинг да го брани територијалниот интегритет на земјата и е најнападен акт на воена ескалација од неговото доаѓање на власт. Наметнувањето на зоната потврдува дека островите Дијаоју/Сенкаку се суштинска грижа за Kина и според Би-би-си се во иста категорија како и Јужното Kинеско Море и Тајван. Најдобрата опција за Kина да одржи доминација над ескалацијата во регионот со отсуството на постојано воено присуство во регионот е токму воспоставувањето на зоната. 

    И додека Kина е далеку од тоа да стане светска воена сила, американските експерти за одбрана забележуваат дека Kина напреднала многу на тоа поле во последните 10 години, а некои аналитичари велат и дека во одредени области Народната ослободителна армија на Kина може да биде достоен ривал за американските капацитети во регионот. Она што е најзначајно е дека зоната е симбол на кинескиот бес предизвикан од постојаното набљудување и од собирањето податоци од страна на војската на САД на море и во воздухот по должината на кинеските граници. Одговорот на САД може да биде и зголемување на темпото на воените вежби планирани за таа област присилувајќи ја кинеската армија на одбранбен одговор и тестирајќи ја решеноста на кинескиот претседател.

    Зоната почна да функционира во саботата, по што официјален Пекинг ги предупреди сите земји дека ќе мора да ја почитуваат новата процедура на летање со идентификација, во спротивно ризикуваат да се најдат на удар на кинеските вонредни мерки за одбрана. Во вторникот два американски бомбардера „Б-52" ја прелетаа областа и немаа проблеми поради ненајавените летови, иако од Kина рекоа дека ги следеле авионите. 

       (Дневник)    29 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 240 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024