Кинески борбени авиони пресретнаа а потоа и испратија јапонски и американски летала кои влегоа во кинескиот воздушен простор.
Двата американски шпиони и десет јапонски Ф-15, цело време зад себе имаа кинески ловци.
Веднаш по сознанието дека без претходна најава леталата влетале во воздушниот простор на Кина, Пекинг нареди веднаш да се испратат неколку авиони Су-30 и Ј-10.
Колку за потсетување, Кина вчера испрати борбени авиони во новопрогласената зона за воздухопловна одбрана во источнокинеското море.
Портпаролот на воздухопловните сили, полковник Шен Џинке, рече дека неколку борбени авиони разместени се за да се спроведат рутински патроли како одбранбена мерка и во склад со меѓународната заедничка пракса.
(Нова Македонија)
29 ноември 2013