Интервјуто со Чуркин го правела познатата новинарка Кристијана Аманпур, а изоставен бил делот кога рускиот претставник зборува за поддршката на сирискиот народ за претседателот Башар ал Асад, пренесува Итар-тас.
Новинската агенција оценува дека од интервјуто бил исфрлен клучен дел, во кој рускиот дипломат ја објаснува улогата на Асад откако ќе почне преодниот процес во Сирија. Чуркин, според Итар-тас, изјавил дека за улогата на Асад „ќе одлучат самите Сиријци". Тој исто така додал дека треба да се земе предвид и фактот дека поголем дел од населението го поддржува сирискиот претседател. Си-ен-ен не го прикажал ниту коментарот на Чуркин дека „е неприфатливо сириската опозиција да поставува каков било предуслов за почеток на преговорите за Сирија".
(Нова Македонија)
29 ноември 2013