Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:28 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Патничките авиони на САД ќе се придржуваат на правилата во новата кинеска одбранбена зона

    Патничките авиони на САД ќе се придржуваат на правилата во новата кинеска одбранбена зона 

    avioni

    Американскиот Стејт департмент им препорача на авионските компании на САД да се придржуваат кон правилата што ги наметна Кина при создавањето на новата „одбранбена зона" во Источното Кинеско Море.

    Во посебна изјава, Стејт департментот му порача на Пекинг дека тоа не значи прифаќање на кинеските барања во новосоздадената зона, која ги покрива и петте ненеселени островчиња околу кои се спорат Јапонија, Кина и Тајван и кои подолго време се повод за засилените тензии меѓу овие три земји.

    Кина од минатата недела побара од сите авиони да се идентификуваат при влегувањето во широката зона во овој дел од Азија.

    Два американски бомбрадери Б-52, како и два авиони на јапонската крајбрежна стража, меѓутоа навлегоа во зоната без да ги почитуваат нововоспоставените кинески правила. Кина која претходно се закани дека ќе реагира на непочитувањето на нејзините нови правила, не реагираше на „упадите без идентификација" на САД и Јапонија, но веднаш потоа, во реонот го испрати својот единствен носач на авиони, како и неколку воени бродови, а воспостави патролирање на авиони на кинеското воено воздухопловство.

    Во Пекинг беше соопштено дека овие мерки се воведени за да се надгледува движењето на американските и на јапонските авиони кои се во редовно патролирање во реонот.

    Воспоставувањето на новата „одбранбена зона" предизвика остра реакција на Јапонија, САД, Тајван и на Јужна Кореја чии неколку ненаселени гребени се опфатени со зоната.

    Американскиот Стејт департмент го оквалификува решението на Кина како „обид за унилатерална промена на постоечкиот статус кво во Источното Кинеско Море", предупредувајќи дека новата ситуација може да предизвика инцидент или судир. Министерството, сепак, верува дека американските патнички авиони кои сообраќаат во регионот ќе се придржуваат на новите мерки.

       (А1ОН)

       30 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 245 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024