Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:52 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Украина: Кинезите „го спасуваат“ Јанукович

    Украина: Кинезите „го спасуваат" Јанукович

    На Украина ѝ пристигнуваат кредити од Пекинг, а Москва веќе направила економски отстапки. Кога дошло до гласањето во парламентот, комунистите ја измамиле опозицијата, пренесува Новости.

    Во драматичната украинска ситуација, претседателот Виктор Јанукович спас побарал од далечната Кина, а вчера во Москва одлетала делегација на преговори со првите соседи, поточно со премиерот Дмитриј Медведев. Интересно е што лидерите на опозицијата, која демонстрира во Киев и во градовите од западна Украина, во вторникот не верувале дека Јанукович одлетал во Кина, туку мислеле дека се крие од демонстрантите. Ги убедил дури телевизискиот пренос.

    Што очекува од Пекинг Јанукович во оваа тешка, не само политичка туку и економска, ситуација? Есеноска претставници на двете земји почнале преговори за тоа Кина да ѝ одобри кредит од 12 милијарди евра на Украина. Колку тоа сега е значајно за Киев покажуваат информациите од експертите на Дојче банк кои тврдат дека, поради кризата, девизните резерви на Украина паднале на само 20 милијарди долари.

    „Посетата на Кина за Јанукович има и политички, а не само економски карактер. Тој сака да покаже дека води „многувекторна политика", дека не се врзува само за една страна", изјавил Вадим Карјасов, директор на украинскиот Институт за глобални стратегии.

    Вчера попладне рускиот премиер Медведев во Москва разговарал со украинската делегација и им кажал дека Русија следи што се случува во Киев, но дека тоа е внатрешен проблем на Украина. Било договорено Газпром да ѝ го одложи плаќањето на гасот на Украина за крајот на оваа година, што за Киев е „ќар" од околу милијарда и 700 милиони долари.

    Премиерот на Украина Николај Азаров тврди дека ја контролира ситуацијата во земјата и дека причината за протестите е „потрошена". Сега, според проценките на полицијата, останале околу седум илјади демонстранти.

    Во цела Украина се зборува дека лидерите на опозициските партии имале погрешна пресметка кога лидерите тргнале во парламентот да го рушат премиерот Азаров и владата. Поддршка наводно им ветил лидерот на комунистите Петар Симоњенко, меѓутоа кога се гласало сите комунисти биле против смена на владата, иако имаат многу забелешки.

       

    Rating: 0.0/0
    Views: 301 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024