Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:47 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Новинар киднапиран и егзекутиран во Сирија

    Новинар киднапиран и егзекутиран во Сирија


    Група поврзувана со Ал Каеда, киднапирала и егзекутирала новинар од Ирак, кој работел во северот на Сирија, воедно првиот странски новинар убиен во северниот дел кој е под водство на бунтовниците, јавува „Ал Џезира".

    Според Репортери без граници, Исламистичката држава на Ирак, и ИСИЛ – групи поврзувани со Ал Каеда, го грабнале Јасер Фајсал ал-Џумаили во четвртокот, додека известувал од северна Сирија во провинцијата Идлиб.

    „Џумаили работеше како надворешен соработник-камерман за шпански медиум во провинцијата Алепо околу 10 дена", соопштуваат од Репортери без граници.

    Според Сиријската опсерваторија за човекови права, Џумаили бил сопрен од тројца вооружени кои подоцна го убиле.

    Новинарската опсерваторија за слобода, базирана во Багдад, вели турските власти не дозволиле телото на Џумаили да биде изнесено од Сирија.

    „Фамилијата на Џумаили не извести дека телото на нивниот син е заглавено на границата Баб ал-Хава со Турција, а турските власти спречуваат минување на тоа место", соопштуваат од организацијата.

    Јасер Фајсал ал-Џумаили имал 34 години, оженет, и бил татко на три деца.

    Според Репортери без граници, Џумаили е осмиот странски новинар убиен во Сирија од конфликтот во март 2011 година, наваму.

       (НОВА)
        6 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 274 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024