Насилствата кои почнаа во четвртокот во главниот град на Централноафриканската Република, Банги однесоа живот на најмалку 300 луѓе, изјави претставник на централноафриканскиот Црвен крст.
Вооружени судири избувнаа меѓу поранешни муслимански бунтовници кои презедоа власт во државата и христијански милиции поддржани од борци лојални на соборениот претседател Франсоа Бозизе.
Во Банги вчера почнаа да пристигнуваат француски сили по одобрение на СБ на ОН.