Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Фото: Вака Западот го славеше Осама Бин Ладен пред 20 години

    Фото: Вака Западот го славеше Осама Бин Ладен пред 20 години

    Во број од весникот „Индепендент", објавен пред 20 години за Осама бин Ладен се говори како за успешен саудиски бизнисмен кој по повлекувањето на војската на СССР од Авганистан вработил муџахедини на голем проект во Судан.
    bin-laden-independent

    Написот на Роберт Фиск под наслов „Антисоветски борец ја изведе својата војска на патот на мирот", објавен во весникот на 6 декември 1993 годинa, сега по 20 години изгледа неверојатно.

    Осама бин Ладен, чија муџахединска војска, со поддршка на САД, дури неодамна извојува победа врз Русија во 1989 година, со авион ги префрлил своите луѓе, материјал и пари во Судан, наводно поради реализација на проектот на јавни работи.

    Запрашан за евентуалното постоење на јавни кампови за воена обука, „саудискиот претприемач" и иден лидер на Ал Каеда му рекол на Фиск: „Јас сум градежен инжинер. Ако имам кампови за воена обука овде во Судан, не би можел да ја вршам оваа работа".

    Написот од „Индипендент" е впечатлив поради тоа што дава позитивна критика за човекот кој подоцна ќе стане организатор и симбол на глобалниот тероризам.

    Еве неколку клучни реченици од текстот на Роберт Фиск, кој сега има 67 години:

    „Осама бин Ладен седеше во своето засолниште преполно со злато, додека го чуваа лојални арапски муџахедини, кои се бореа рамо до рамо со него во Авганистан".

    „Со своите истакнати јаболкници, ситните очи и долгата кафена брада, Бин Ладен е симбол на легендарните муџахедини кои се бореа во планините".

    „Тој е срамежлив човек…оженет…со четири жени, но недоверлив кон новинарите".

    Зар не им беше малку несфатливо на муџахедините, прашав, да ги победат Русите, а потоа да завршат градејќи патишта во Судан?

    Тие ја сакаат оваа работа, како и јас. Ова е голем проект кој го остваруваме за луѓе во Судан, им помага на муслиманите и им го подобрува животот.

    Бин Ладен во Судан наводно требало да ја надгледува изградбата на над 800 километри автопат од Картум до Порт Судан. Фиск напишал и дека Бин Ладен ја донел истата градежна опрема која пред само пет години ја користел за изградба на герилските патишта во Авганистан.

       (Денешен Весник)

        9 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 227 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024