Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:18 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Криза во Украина: што понатаму?

    Криза во Украина: што понатаму?

       Григориј Миљенин
    Украина Киев митинг митингующие евроинтеграция акция протеста протест Украина ЕС 09.12.2013 снег полиция милиция

       Украинската милиција ги потисна демонстрантите од центарот на Киев, внатрешните трупи ги тргаат барикадите, а претседателот Јанукович се подготвува да седне на општонационалната тркалезна маса со претставниците на опозицијата и со своите претходници. Во меѓувреме во состојба на длабока загриженост во Киев доаѓа Врховниот претставник на ЕУ за надворешни работи Кетрин Ештон. Во што ќе се претвори овој калеидоскоп на настани за Украина, во коментарите на експерите.
       Бранот на протестни расположенија во Киев постепено се намалува. Агресивните испади на демонстрантите кои митингуваа со постепено молчење на власта го замени нивното истиснување од киевските улици преку силите на правниот поредок и тактичката пауза на опозиционите лидери. Во тој контекст решението за одржување на општонационална тркалезна маса со учество на актуелниот претседател Виктор Јанукович, неговиоте претходници Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, како и преставници на опозиционите партии делува неубедливо, смета заменикот на директорот на Центарот за украинистика и белорусистика од Московскиот државен универзитет Ломоносов Богдан Беспаљко:
       Не очекувам некои силни или мудри совети, зашто првиот претседател на Украина Кравчук е многу неуспешен. Во негово време населението почувствува најсилен пад на стандардот. А останатите претседатели се повикани да повлечат одредена затвореност на политичкото поле. Луѓето кои управуваат со земјата во суштина треба да даваат најмудри совети, но од моја точка на гледање оваа тркалезна маса е попрво пи-ар чекор отколку реален настан кој може да доведе до консензус.
       Експертот смета дека сега опозицијата ќе се потруди да го постави Јанукович во мат позиција, вештачки подгревајќи го протестот и надевајќи се во притисокот на ЕУ која може да побара откажување од примена на сила во решавање на проблемот. Сепак, во актуелната ситуација примената на силата, дури и на крајно ограничената, е единствен излез од кризата, истакна во етерот на Гласот на Русија претседателот на Асоцијацијата на ветерани од специјалниот одред на Алфите Сергеј Гончаров. Според негово мислење, во спротивно Јанукович не може да се надева на претседателската фотелја.
       Ако Јанукович е подготвен да ги потврди своите претседателски овластувања и тоа да остане, тој мора да преземе некои мерки. А мерките се само едни - да го ослободи центарот на градот и да го прекине самостојниот престој на луѓето на Мајдан. Ако е подготвен да положи претседателски овластувања, тогаш никаков јуриш нема да се случи, сите сами ќе се разотидат.
       Што се однесува до претставниците на ЕУ, кои ја покажуваат својата солидарност со демонстрантите, овде очигледно се гледа нивната желба да ја искористат украинската политичка криза во свој интерес, изјави во програмата на Гласот на Русија директорот на Руско-украинскиот информационен центар Олег Бондаренко:
       Западните политичари очигледно сакаат да ја повторат ситуацијата од Мајдан 2004. Тогаш голем број на европски политичари се нудеа во својство на преговарачи во Киев. Ние сфаќаме со што тоа се заврши - на крајот победи опозицијата. Сега оваа ситуација може да се повтори.
       Меѓутоа, други експерти не очекуваат повторување на настаните од 2004 година во Украина. Како што претпостави Богдан Беспаљко, овој пат украинската опозиција тешко ќе добие масовна подршка од Западот, во прв ред поради својата разединетост.

       (Глас Русије)
        10 декември 2013
       
    Rating: 0.0/0
    Views: 270 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024