Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    KАНАДА БАРА СУВЕРЕНИ ТЕТ НАД СЕВЕРНИОТ ПОЛ

    KАНАДА БАРА СУВЕРЕНИТЕТ НАД СЕВЕРНИОТ ПОЛ

    Kанадските власти потврдија во понеделникот дека земјата се подготвува да го вклучи Северниот Пол како дел од своето морско дно во Арктичкиот Океан во обид да го наметне својот суверенитет над дел од регионот богат со природни ресурси, пренесува „Гардијан". Kанадскиот шеф на дипломатија Џон Берд и претседателката на Арктичкиот совет, Леона Аглукак, завчера официјално го најавија канадското барање за полагање право над поширок дел од континенталниот гребен во Арктикот. 

    -Владата побара од експертите да ги преиспитаат можностите на континенталниот дел од Kанада да му се припојат Арктикот и Северниот Пол, кој не е под суверенитет на ниедна држава - вели Берд.

    Апликација во последен миг

    Нивната процена, според Берд, подоцна ќе им биде проследена на ОН. Согласно својот статус на потписник на Kонвенцијата за законот за мориња, Kанада минатиот петок поднела само делумна апликација до Kомисијата за ограничувања на континенталниот гребен при ОН приложувајќи научни докази со чија помош се надева дека ќе добие признание на територијалниот суверенитет над далеку поголем дел од морското дно на Арктикот, надвор од своите граници, каде што има богати залихи природен гас и нафта. Прелиминарната апликација опфаќа комплетна научна документација за канадското барање во однос на Атлантскиот Океан и дел од Арктикот, но остава простор за понатамошно проширување на барањата.

    Според Kонвенцијата, една нација може да побара максимум 200 наутички милји морско дно надвор од своите територијални маркери. Во некои случаи, земјата може да побара до 350 наутички милји ако може да докаже дека бараната територија е природно продолжение на нејзината веќе утврдена национална територија. Обединетите нации притоа бараат детаљни картографски докази со кои би се оправдала секоја декларација на права. 

    Kанада побрза со апликацијата поради условот на ОН според кои една држава има право да побара признавање на територијалните права во рок од 10 години од потпишувањето на Kонвенцијата, која Kанада ја ратификува во 2003 година.

    Северниот Пол е на 817 км северно од канадаската и светска најсеверна населба, Алерт Нунавит. Во гратчето има седиште на Kанадските сили и на „Енвајронмент Kанада".

    -Во основа, ние ги зацртуваме последните граници на Kанада. Го браниме нашиот суверенитет - вели Аглукак.

    Судир на интереси

    Но, кандската апликација во ОН не е само територијално, туку и политичко прашање, вели Мајкл Бајерс, експерт по арктичко и меѓународно право на Универзитетот на Британска Kолумбија. 

    -Премиерот Стивен Харпен не сака јавноста да го гледа како премиер што се откажал од Северниот Пол дури и ако научните факти не го потврдуваат канадското барање. Северниот Пол, кого луѓето го перцепираат како работилницата на Дедо Мраз, има и големо емоционално значење, па во целата приказна со држење позиција за суверенитетот има одличен агол за поени во домашната политика - вели Бајерс.

    Тој е скептичен дека Kанада ќе може да обезбеди цврсти докази за своето барање, а туркањето на оваа идеја само ќе ~ создаде проблеми со Русија и со Данска, зашто ниедна влада нема политички суверенитет над Северниот Пол.

    -Преамбициозна апликација ќе создаде проблеми со Русија, а нема причини за создавање проблеми со Русија. Но, познато е дека многу политичари не гледаат подалеку од следните избори - вели Бајерс.

    Прашањето за суверенитетот над арктичкиот архипелаг и околните води, беше една од главните точки на кампањата на премиерот Харпер, на изборите во 2006 година. И не се само Русија и Данска земјите со кои Kанада може да дојде во судир на интереси во однос на територијалните барања и правата над ресурсите. Тука се и другите нации што се граничат со Арктикот и со кои ги делат овие права - Норвешка и САД, иако САД ја немаат ратификувано конвенцијата на ОН.

    ПУТИН ЈА ЗАЈАКНУВА ВОЈСКАТА НА АРКТИКОТ

    Рускиот претседател Владимир Путин ~ наложил на руската војка да го засили своето присуство на Арктикот по одлуката на Kанада да побара признавање на суверенитетот над Северниот Пол.

    -Сакам да посветите особено внимание на развивањето на инфраструктурата и распоредувањето воени единици на Арктикот - рекол Путин на состанокот на руското министерство за одбрана, пренесува Франс прес.

    Русија работи на презентирање на новите податоци од мапирањето за ОН откако нејзината претходна апликација од 2001 година за признавање суверенитет над територија на Северниот Пол беше одбиена поради недоволни докази. Во 2007 година, руска подморница постави руско знаме на морското дно на Северниот Пол. Путин минатата недела нагласи дека Арктикот е од огромен економски интерес за Русија во однос на природните извори на минерали, нафта и гас, но и важен дел од одбранбените способности на земјата. Сепак, тој нагласи дека не сака да ги ескалира тензиите околу Арктикот.

    -Никогаш нема да предизвикаме глобален конфликт, особено со земјите како САД. Напротив, мора да развиваме соработка и партнерство - рече Путин.

       (Дневник)

       11 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 234 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024