Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Лимонов: ВО КИЕВ СЕ ДОВЛЕЧКАА ОНОЈ ОДВРАТЕН ВЕСТЕРВЕЛЕ И НАКАЗАТА ЕШТОН

    Лимонов: ВО КИЕВ СЕ ДОВЛЕЧКАА ОНОЈ ОДВРАТЕН ВЕСТЕРВЕЛЕ И НАКАЗАТА ЕШТОН
    eston
     
    Пишува: Едуард Лимонов, писател и политичар (Москва)
     
       Станав утрово во 5 и 30 за на сите можни начини да ја следам ситуацијата во Киев и на Мајдан.
       На Американците, исто така, не им беше до сон. Ни на Европејците.
       Државниот секретар Џон Кери веќе се изјасни: "САД изразуваат раздразнетост поради решението на украинската власт со специјална полиција, булдожери и пендраци да одговорат на мирните демонстрации, наместо да ги почитуваат демократските права и човечкото достоинство. Таков одговор е неприфатлив и не и доликува на демократска држава. Повикуваме на потполна присебност. Неопходно е животите на луѓето да бидат заштитени. Украинската власт е потполно одговорна за безбедноста на украинскиот народ".
       Ова со "булдожерот" државниот секретар го побркал, "евромајдановците" употребија булдожер, иако всушност, тоа беше трактор, кога се обидоа да ја заземат зградата на претседателската администрација во улицата Банковкој.
       Денес власта уште не користи пендраци и специјални средства, но затоа "од глава до петици" ја користи украинската полиција.
       А зошто тој Кери воопшто во се се меша?
       Викторија Нуланд - претставничката на Стејт Департмантот на САД - веќе се шеткаше по Киев и вчера се состана со опозиционерите на Мајдан.
       По Киев трчкараат и Полјаци: Качински, братот близнак на загинатиот во авионската несреќа претседател на Полска, а и многу други, вклучувајќи го и Квасњевски.
       Дојде и Гвидо Вестервеле министерот за надворешни работи на Германија, оној одвратен тип.
       Во Киев се довлечка и наказата Кетрин Ештон и вчера веднаш имаше состанок со опозицијата на мајдан. Плоштадот радосно цвилеше од восхитеност по повод доаѓањето на шефот на дипломатијата на Европската Унија. Не ја дочекаа со леб и сол, но ја примија како свој род.
       Денес ни неа не и се спие. Веќе утрово во 7 и 30 изјави: "Со жалење гледам како полицијата ги растерува мирните демонстранти".
       Малку порано се изјасни и Карл Бирт, шведскиот министар за надворешни работи. И тој осудува.
       Се заиграа, се растрчаа и се загрижија.
       Во тек е важна битка за Украина. Таа битка продолжува.
       Таа нивна битка е - битка против нас.
     
       (Факти, србин.инфо)
       11 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 195 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024