Неколку илјади Романци протестираа против американската нафтена компанија „Шеврон" која планира да врши експлоатација на гас во романското село Пунгеши. Локалното население протестира против начинот на кој е планирана експлоатацијата на природен гас кој е премногу опасен за животната средина. Ваквиот метод на експлоатација е забранет во многу земји.
И покрај ужасните и емотивни глетки на сиромашното население на кои единственото богаство им е земјата, американскиот нафтен гигант нема намера да се откаже од истражувањата и експлоатацијата.
Ете тоа се случува кога парите ќе бидат ставени над се и во трката за профит нема да се бираат средства.
http://youtu.be/f0YkMsb3YJM
(Денешен Весник)
12 декември 2013