Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:15 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    МОЛДАВИЈА РАСПНАТА ПОМЕЃУ ЕУ И РУСИЈА

    МОЛДАВИЈА РАСПНАТА МЕЃУ ЕУ И РУСИЈА

    moldavija-na-prekretnici-i-snovi-rumunjskog-predsjednika-traiana-b-sescua-o-velikoj-ruimunjskoj_7604_1782_e

    Букурешт-Настаните во Украина, кои веќе со недели го привлекуваат светското внимание, ги држат во сенка другите случувања во источноевропската зона чии подмолни татнежи најразговетно се чувствуваат на романските територии на кои важат законите на Европската унија и НАТО.

       Овде највнимателно е проследено решението на неодамнешниот самит на ЕУ во Вилнус со парафирањето на договорот за придружување на Молдавија (и Грузија) да се направи важен чекор во понатамошното продирање на ЕУ на европскиот исток. Задоволен со ваквиот исход, романскиот претседател Трајан Басеску заклучи, најпосле, дека "ЕУ ја премина реката Прут" и дека со своето делување сега ја опфаќа и "втората романска држава".
       Спроти самитот во Вилнус Басеску изјави дека по приемот на Романија во НАТО и ЕУ, сега "новиот национален проект на Романија е да оствари обединување со братската Молдавија". Таа изјава предизвика крајно спротиставени мислења и ги возбуди духовите како во Романија, така и во Молдавија. Главно преовладуваат оценките дека на "Басеску му се брза" и дека тоа брзање има популистичко-политикантска нота. Со удирање по најпрефинетите чувства на Романците кои навистина сакаат повторно да се обединат со молдавските браќа, Басеску се обидува пред важните избори во 2014-та да го поправи својот потполно урнат имиџ.
       На тие критики Басеску не обрнува внимание. Напротив, кога пред некој ден Уставниот суд во Кишињев, по долгогодишни спорови, донесе решение со кое молдавскиот јазик се поистоветува со романскиот, односно романскиот се прогласува за официјален јазик на Република Молдавија, Басеску воскликна: "Тоа за мене е една од најголемите радости во последните неколку години".
       Во Молдавија на околу 75 проценти од населението мајчин јазик им е романскиот додека на преостанатата четвртина од населението тоа им е рускиот, украинскиот, гагаушкиот или бугарскиот јазик.
       "Изјавите на Басеску за што побрзо обединување им одат од рака на молдавските комунисти и на Москва", рече лидерот на молдавските либералдемократи и бившиот премиер Влад Филат.
       Дека и официјален Кишињев се плаши од Москва сведочи и тоа дека при неодамнешната посета на американскиот државен секретар Џон Кери, како што бележи тиражниот букурештски дневник "Евениментул зилеј", "Молдавија побара воена подршка од САД против Русија".
       Една од главните теми на разговорот на Кери со молдавскиот претседател Николај Тимофтиј се однесуваше на "можниот воен судир кој Русија би можела да го предизвика во Република Молдавија за да го спречи зближувањето на овие држави на ЕУ". Овој судир, божем, би можел да избие по Зимските олимписки игри во рускиот Сочи во февруари 2014-та.
       "Ви велам отворено дека ни е потребно силно учество на САД во осигурување на безбедноста во регионот. Русија го зацврстува своето воено присуство во сепаратистичката покраина Придњестровље игнорирајќи ги своите меѓународни обврски. Во блиско време може да очекуваме провокации во придњестровската покраина и во Гагаузија", изјави Тимофтиј, на што американскиот шеф на дипломатијата му рече дека САД се на нивна страна и дека "и понатаму ќе ги подржуваат, пружајќи ја помошта која ви е потребна".
       Во Букурешт нашироко се говори и пишува за "антимолдавските мерки", кои Москва веќе ги презема. Во нив спаѓаат укинувањето на увозот на вино од Молдавија, кој е нејзин главен извозен производ, потоа заканата дека ќе се запрат испораките на рускиот гас, како и тоа дека од Руската Федерација ќе се изгонат сите молдавски гастербајтери, кои ги има повеќе од десетина илјади.
       Овде, сепак, се поставуваат и разни "незгодни" прашања, како што е прашањето на евентуалното обединување на Романија со "заостанатата Молдавија". Романија и самата се препелка во многу неволји, особено оние економските. Така часописот "Хисторија" покрена дебата не само на темата "како и кога ќе се обединиме со Бесарабија", туку и "колку тоа ќе ја чини Романија ако го земеме во предвид крајно скапото искуство на обединувањето на Западна Германија со Источна Германија".
       Освен тоа овде провејува и стравот за тоа дали ќе се оствари планот на ЕУ во врска со таканареченото Источно партнерство, според кое во унијата би се привлекле шест бивши советски републики (Украина, Молдавија, Белорусија, Ерменија, Грузија и Азербејџан) за да се заокружи нивното "оддалечување од постсовесткиот ешалон". 
       На тој испит "паднаа" веќе половина од "шесте кандидати" (Белорусија, Ерменија и Украина), еден се колеба (Азербејџан), додека Молдавија и Грузија се - "дрвени шајки" - зашто со нив ништо не е сигурно "иако потпишаа". И самиот Басеску истакнува дека остварувањето на таа задача "тешко ќе оди" и дека се потребни "големи и долготрајни напори".

      Милан Петровиќ
     
      (Политика, србин.инфо)
      
       12 декември 2013
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 242 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024