Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:55 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Севернокорејскиот лидер го егзекутира „добриот тетинот“

    Севернокорејскиот лидер го егзекутира „добриот тетинот"

    Властите во Пјонгјанг денеска соопштија дека е егзекутиран Чанг Сонг-таек, до неодамна втор човек во политичкиот врв во Северна Кореја и тетин на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, под обвинение за „предавство и за обид за приграбување на власта".

    Чанг Сонг-таек претходно беше прикажуван како „добриот тетин" кој му помага на Ким Јонг-ун за да ја консолидира политичката позиција, но во официјалното соопштение на севернокорејската државна агенција за егзекуцијата тој е опишан како човек кој смртта на претходниот лидер Ким Јонг-ил, кој почина во декември 2011 година, ја гледал како шанса за да го предизвика својот внук и да ја презема власта во земјата.

    Во соопштението се вели дека тој бил изведен пред суд и потоа егзекутиран, откако бил обвинет дека планирал да ја „уништи државата, користејќи сплетки и заговори, како и подли и валкани методи, оден од дивите амбиции за приграбување на власта во партијата и во државата".

    Невообичаено деталното соопштение на властите во Пјонгјанг за случајот, доаѓа само неколку дена по службеното соопштение од Северна Кореја дека доскорешниот висок функционер и близок роднина на Ким Јонг-ун е сменет и разрешен од сите функции што дотогаш ги имаше.

    И покрај острите зборови во тоа соопштение објавено во понеделникот, во него немаше никаква најава дека Чанг Сонг-таек ќе биде егзекутиран.

    Откако ја презеде лидерската функција, по смрта на неговиот татко Ким Јонг-ил пред две години, актуелниот севернокорејски лидер изврши неколку политички чистки. но ниту една од нив не беше толку јавно презентирана, ниту пак со неа беа опфатени лица блиски до самиот врв на земјата или негови блиски роднини, како што е тоа елиминацијата на Чанг Сонг-таек.

    За странските набљудувачи кои од Јужна Кореја ги следат настаните на Северот, тој важеше за политичар наклонет кон реформи. Во приватниот живот Чанг Сонг-таек беше сопруг на сестрата на поранешниот лидер Ким Јонг-ил.

       (Утрински Весник)
        13 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 212 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024