Двата централни плоштади во Киев ги дели улицата „Крешцатик", на која се распоредени полициски сили и се поставени возила на Министерството за внатрешни работи.
Ноќта на „Плоштадот на независност" помина мирно, каде настапуваа украински музичари, а свое обраќање имаше и поранешниот министер за одбрана и пратеник на опозициската партија Татковина, Анатолиј Гриценко. Тој ги повика демонстрантите да се упатат кон Министерството за одбрана.
- Армијата треба да биде со народот - истакна Гриценко.
Приврзаниците на Јанукович и неговата Партија на региони за денеска најавија масовна акција за поддршка на актуелната власт.
Најавено е дека митингот „Да ја сочуваме Украина - нашата заедничка Татковина" ќе трае два дена.
Еден од организаторите е Олег Калашњиков кој истакна дека „луѓето сакаат да изразат поддршка на претседателот, и оти се револтирани од тоа што се случува на „Плоштадот независност", но оти досега немале можност да се слушне гласот на регионите".
(Нова Македонија)
14 декември 2013