Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 7:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    САД ја предупредуваат Северна Кореја

    САД ја предупредуваат Северна Кореја

    Откако беше погубен долгогодишниот член на севернокорејското раководство Јанг Сонг Тек, владата на САД ја предупреди комунистичката земја од „провокативни потези". Пјонгјанг пак ги повлекува своите државјани од Кина.
     

    Егзекуцијата на Јанг Сонг Тек, тетинот на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун, е „неверојатно брутален" чин, кој се вбројува во застрашувачкиот биланс на повреди на човековите права во изолираната азиска земја, изјави портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Мари Харф. Вашингтон по овој случај ќе ги зајакне разговорите со „сојузниците и партнерите во регионот", за да ја разбере „внатрешната ситуација".

    Севернокорејските државни медиуми во четвртокот објавија дека воен трибунал го осудил на смрт Јанг поради предавство и тој бил егзекутиран. Овој 67-годишен функционер извршувал контрареволуционерни дејствија, „за да ги собори раководството на нашата партија, државата и социјалистичкиот систем", се вели во вестите.

    „Сива еминенција" на режимот

    По смртта на властодржецот Ким Јонг Ил пред две години, Јанг во голема мерка придонел за тоа неговиот син Ким Јонг Ун да си ја осигура власта. Вицепретседателот на Националниот одбор за одбрана се сметаше за „сива еминенција" на Северна Кореја и за ментор на 30- годишниот Ким.

    Во целиот свет политичките набљудувачи се прашуваат дали во Северна Кореја изби борба за превласт во највисокото раководство и дали Ким ги расчистува од патот можните конкуренти. Во Јужна Кореја се проценува дека егзекуцијата би можело да биде консолидација на базата на власт на Ким. Севернокорејските медиуми во меѓувреме продолжуваат со својата кампања, да го претстават Ким како незаменлив шеф на државата.

    Команда: Назад од Кина

    Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека голем број севернокорејски бизнисмени биле повикани од Кина да се вратат во татковината. Притоа станувало збор за тоа да се провери поврзаноста на овие лица со егзекутираниот Јанг. Јанг повеќепати водеше големи севернокорејски делегации во Кина, за да ги изгради економските врски. Од упаствата на Пјонгјанг биле погодени Севернокорејците кои од Шенханг и Дандонг ја водат трговијата со Кина и исто така треба да се грижат за инвестиции, јави агенцијата Јонхап. Многумина од нив на брзина ја напуштиле Кина.

    Севернокорејската влада очигледно има намера да ги отповика своите соработници од Кина. Службениците кои директно соработувале со Јанг мора да стравуваат дека повеќе нема да смеат да патуваат во странство, се вели во веста на јужнокорејската агенција.

       (Дојче Веле)

        15 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 196 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024