Шефот на рускиот нафтен и гасен гигант Алексеј Милер побарал политичка поддршка од унгарскиот премиер Виктор Орбан, тврдат високи извори од Будимпешта.
Според информација на хрватскиот весник „Пословни дневник", токму тој интерес бил една од главните теми на состанокот на унгарскиот премиер и челниот човек на „Газпром", кој е одржан пред два дена во главниот град на Унгарија.
Според засега неофицијални информации, Милер во Будимпешта допатувал на работен состанок со Орбан, а иако формалната причина била големиот проект за гасоводот „Јужен поток", се разговарало за можноста руската компанија од унгарскиот МОЛ да го откупи сопственичкиот удел во „Ина".
Милер дошол да обезбеди поддршка од Орбан, доколку МОЛ одлучи да се повлече од хрватската „Ина". Унгарската Влада е најголем акционер во МОЛ, нејзината поддршка неспорно би била предуслов за таквата трансакција.
МОЛ се уште не донел одлука за продажба, а доколку дојде до тоа, „Газпром" би бил најсериозниот кандидат за преземање, наведува „Пословни дневник".
(Денешен Весник)
15 декември 2013