|
Првпат во историјата: директори на банка во Исланд во затвор поради финансиска измама
Првпат во историјата: директори на банка во Исланд во затвор поради финансиска измама
Четворица поранешни директори на исландската банка Кауптинг се осудени на затворски казни во траење од три до пет години поради финансиска измама, јавува Би-би-си. Осудени се за прикривање на информација дека катарски инвеститор, кој купил учество во банката, акциите ги купил со пари од самата банка. Банката банкротирала во 2008 година, за време на големата финансиска криза.
Ова е прва толку висока затворска казна пресудена за финансиска измама на Исланд. Истрагата утврдила дека банката ги селела парите преку неколку сметки во странство за да ја прикрие измамата. Најпрвин парите биле дадени како кредит на Девствените Острови, за потоа да бидат префрлени во кипарската банка Чојс, чиј сопственик бил еден од директорите на Кауптинг. Потоа парите биле префрлени во компанијата на катарскиот шеик кој купил 5,1 отсто учество во банката Кауптинг, за на крајот парите да завршат таму од каде што тргнале – во истата банка.
(МКД)
15 декември 2013
|
|
Views: 209
| Added by: Вељанко
|
|
|