Според образложението на руското Министерство за одбрана, преместувањето на нуклеарниот арсенал кон границите на ЕУ е одговор на иницијативата на САД за распоредување на ракетен штит во Полска.
Москва уште во 2011 година предупреди дека ќе одговори на плановите за разместување на американскиот ракетен штит во Европа.
Полска денеска изрази загриженост поради тврдењата на Русија дека ги преместила ракетите и најави дека ќе ги консултира партнерите во НАТО за тоа прашање.
-Плановите за разместување на новите ракети загрижуваат - соопшти полското Министерство за надворешни работи.
Руските ракети имаат дострел од 500 километри и би можеле да се употребат за уништување на радари и пресретнувачи кои го сочинуваат новиот штит на НАТО.
(Нова Македонија)
16 декември 2013