Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ИВО ШЛАУС ЗА НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА НА СФРЈ ТИТО БЛЕФИРАШЕ ДЕКА ПРАВИ АТОМСКА БОМБА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ТВРД ОРЕВ

    ИВО ШЛАУС ЗА НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА НА СФРЈ

    ТИТО БЛЕФИРАШЕ ДЕКА ПРАВИ АТОМСКА БОМБА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ТВРД ОРЕВ

     

    Главната идеја на Тито беше да покаже дека Југославија е тврд орев за секој потенцијален агресор, без разлика од каде тој доаѓа. Блефот успеа благодарение на тоа што KПЈ во тоа време изгради имиџ дека е доволно луда да направи с` што е потребно за да му се спротивстави на непријателот

     

    Иво Шлаус е познат хрватски научник во светски рамки. Осумдесет и тригодишниот научник с` уште е активен во делот на нуклеарната физика. Од 1960 година работел на нуклеарната програма на Југославија, а потоа во Хрватска. Предава на најреномираните светски универзитети. Во моментов е декан на Хрватската академија за дипломатија поради неговото искуство меѓу науката и политиката. Шлаус е претседател на Светската академија на науките и уметностите (САНУ). Во интервјуто за „Дневник" вели дека политиката прилично и ги комплицира работите на науката, но дека девете елитистички дисциплини на крајот мора да се обединат за доброто на човештвото. Открива и дека како носител на нуклеарната програма на СФРЈ морал да направи и да набави с` што е потребно за да се состави атомска бомба, но дека оружјето никогаш практично не било направено бидејќи идејата на Тито била само да блефира пред големите светски сили.

    Бевте дел од една од најконтроверзните програми што се спроведуваше во Југославија – нуклеарната програма на Тито. За што всушност се работеше - за научна, енергетска или за воена програма?

    - Југославија без никаков сомнеж имаше јавна енергетска програма и јавно беше објавено дека таа ќе биде насочена кон искористување на нуклеарната енергија. Токму за таа цел, меѓу другото, беше купена и електраната „Kршко". СФРЈ веднаш по Втората светската војна, некаде во 1947/48 година, односно Тито и Политбирото на KПЈ, одлучија да заиграат со еден блеферски потег во делот на воената програма – Југославија да направи атомска бомба. Во таа насока како научници и како држава моравме да направиме буквално с` за тој блеф да биде успешен, а да не направиме ништо за бомбата да биде составена.

    Сакате да кажете дека атомската бомба на Тито беше блеф? За што му требаше на Тито да блефира во една таква комплицирана политичка ситуација во светот меѓу Русија и САД?

    - Главната идеја на Тито беше да покаже дека Југославија е тврд орев за секој потенцијален агресор, без разлика од каде тој доаѓа, т.е. од која и да е светска сила. Тој блеф практично успеа и дома и надвор благодарение на кредибилитетот и на имиџот на KПЈ во тоа време во светот дека е доволно луда да направи с` што е потребно за да му се спротивстави на непријателот, односно дека веќе успеа да му се спротивстави на Хитлер, но успеа да му се спротивстави и на Сталин. Таа своја лудост ја искористија за да најават дека прават атомска бомба.

    Можат ли политичарите да учат од Вас?

    - Со политичарите се разговара на три начини: кога влегуваат во политика, разговараат тајно и притоа изгледаат прилично паметни, кога ја напуштат политиката, зборуваат јавно и повторно изгледаат прилично паметно. Третиот начин е кога се во политиката Е јавно и кога со вас, како научник, разговараат јавно, но притоа се многу ограничени, даваат само клише. Ми се случи еден познат гувернер на една национална банка да ме покани на неговото предавање и му најавив дека ќе имам неколку прашања за светската економија. Тој ми одговори: „Ама знаеш, јас ништо важно нема да кажам, освен она што веќе сите го знаеме, на пример, доларот ќе паѓа, еврото ќе расте, мојата валута ќе расте".

    Во тој комплициран однос меѓу науката и политиката, ќе успеете да го спасите светот?

    Да, јас сум голем оптимист. Човештвото секогаш е на добар пат да ги совлада сите свои глупости. Всушност, глупоста е составен дел од човештвото, од луѓето, но составен дел од нас е и да ја совладаме таквата глупост.

    ОД ИВАНОВ ОЧЕКУВАМЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ПРОГРАМИТЕ ЗА ЛИДЕРСТВО

    На претседателот Иванов лично му го доделивте сертификатот за член на Академијата. Што очекувате од него?

    Од професорот Иванов очекуваме да продолжи со Школата за млади лидери, односно лидерството, што е една од најважните теми со кои сега се занимава Светската академија. Вториот ангажман, кој практично ќе го работиме заедно, е во делот на мирот и соработката, односно дијалогот меѓу културите и цивилизациите и сето тоа во склоп на она што ние во Академијата го нарекуваме стратегија за тоа што треба да се направи за демократски промени во едно општество.

    Kатерина Нешкова

       (Дневник)

        17 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 209 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024