Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:19 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Зошто Британија ја помага Кина?

    Зошто Британија ја помага Кина?

     

    Дебата зошто Лондон и' дава 27 милиони фунти годишно на Кина, втората по големина економија во светот

    ЛОНДОН - Велика Британија се' уште и' дава помош од неколку милиони фунти на Кина, иако комунистичката суперсила е толку богата што испрати ракета на Месечината.

    Официјалните податоци до кои дојде „Дејли мејл" откриваат дека Велика Британија му дала на Пекинг 27,4 милиони фунти минатата година – со што се исмеваат министерските уверувања дека програмата треба да запре.

    Откривањето доаѓа неколку дена откако Кина парадираше со нејзината сила, успешно слетувајќи сонда на површината на Месечината. Пред само две недели Дејвид Камерон беше во Пекинг да бара кинески инвестиции за подобрување на ослабената инфраструктура на Велика Британија.

    Владини официјални лица изјавија дека британските пари биле искористени за програмите за борба против климатските промени и да се помогне економскиот раст.

    Но, ториевскиот пратеник Питер Боун го повика секретарот за меѓународен развој, Џастин Грининг, да објасни зошто помошта на Велика Британија се' уште оди во Кина и 14 други земји кои се оценети како неподобни.

    „Јавноста со право ќе биде престрашена дека се' уште трошиме пари за помош на Кина", рече тој.

    „Невообичаено е ние да го правиме тоа, додека тие испраќаат мисија на Месечината. Ако овие програми за помош се' уште продолжуваат, тогаш мислам дека Џастин Грининг треба да дојде во парламентот и да објасни што е оправдувањето, бидејќи јас не можам да смислам некое".

    Кина вложи милијарди долари во нејзината вселенска програма. Слетувањето на леталото „Џејд Ребит" на Месечината во саботата беше следено на државната телевизија од 1,4 милијарди Кинези.

    Министрите повеќе пати упатија уверувања дека помошта за Кина е стопирана, истакнувајќи во 2010 година дека „не е оправдано" да се испраќаат милиони на економска суперсила.

    Но, податоците што протекоа од Одделот за меѓународен развој (ДФИД) откриваат дека Кина - втората по големина економија во светот со речиси две илјади милијарди фунти во резерви - доби 27,4 милиони фунти минатата година, што е доволно да се платат речиси 1.000 медицински сестри во Велика Британија.

    Таа беше една од 16-те држави кои, наводно, ја укинале својата програма за помош по прегледот од Ендрју Мичел, тогашен секретар за меѓународен развој, во 2011 година.

    Но, податоците на ДФИД покажуваат дека 15 земји минатата година се' уште примиле помош од вкупно 131,9 милиони фунти од Велика Британија. Виетнам добил 51,5 милиони фунти, Камбоџа 14,5 милиони фунти, Индонезија 11,3 милиони фунти и Косово 10,2 милиони фунти. Помали суми добиле Ангола, Босна, Бурунди, Камерун, Гамбија, Ирак, Лесото, Молдавија, Нигер и Србија. Укината беше само програмата за мала помош на Русија. (Дејли мејл)

       (Утрински Весник)
        17 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 194 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024