- Наредивме повлекување на сите лични документи издадени од министерството за надворешни работи на службеници во американските конзуларни претставништва низ Индија, соопшти неименуван извор од Министерството за надворешни работи.
Овие документи овозможуваат брз влез и движење на луѓето кои ги поседуваат, при патување преку индиските аеродроми или други јавни области.
Индиската влада во рамките на овие мерки, ќе ги суспендира сите дозволи за увоз на американската амбасада.
Реакцијата на индиските власти доаѓа откако минатата недела во Њујорк беше уапсен индискиот заменик конзул во САД.
(Денешен Весник)
17 декември 2013