На Мохамед Морси ќе му се суди и за шпионажа
На сменетиот египетски претседател Мохамед Морси ќе му се суди и по обвинение за „шпионажа на странски организации со цел извршување на терористички дела во Египет и за откривање јавни тајни", пренесува МИА
На Морси, кој во јули е сменет од власт по само една година управување со земјата, веќе му се суди за учество во убиството на опозициски демонстранти.
Освен за него, денеска се поднесени обвиненија и уште против 35 луѓе, меѓу кои поранешни советници на претседателот и лидери на исламистичкото движење „Муслиманско братство".
(Нова Македонија)
18 декември 2013