Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 7:25 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ЈАПОНИЈА ГО ПУМПА ВОЕНИОТ БУЏЕТ ПОРАДИ KИНА

    ЈАПОНИЈА ГО ПУМПА ВОЕНИОТ БУЏЕТ ПОРАДИ KИНА

     
    Јапонија го зголеми својот воен буџет за пет отсто во наредните пет години за да купи опрема за одбрана на островските области. Ова се смета за потег насочен кон Kина, со која Јапонија е во спор поради ненаселени острови, пишува Би-би-си. Kонзервативниот премиер Шинзо Абе одобри буџет од 24.700 милијарди јени или 175 милијарди евра, за периодот од 2014 до 2019 година, кои, меѓу другото, ќе се искористат и за купување беспилотни летала, авиони и амфибиски возила. Војската, исто така, ќе изгради нова поморска единица, амфибиска сила способна да презема острови. Владата на Абе вети дека ќе ја ревидира и јапонската забрана за извоз на оружје. 

    Зголемувањето на буџетот, според британската телевизија, покажува дека Јапонија е загрижена поради с` посилните кинески демонстрации на територијални права и нејзината с` поголема воена потрошувачка. Со новата опрема и новите приоритети Јапонија сака да добие динамични одбранбени сили способни да се спротивстват на инвазија од воздух, море и копно. 

    - Kина оди по опасен пат, кој би можел да доведе до непредвидливи итни ситуации, Kина се обидува да го смени статусот кво преку сили во воздухот и Источното и Јужното Kинеско Море и други области, базирано на нејзините тврдења, кои не се соодветни со воспоставениот меѓународен ред – стои во првата национална безбедносна стратегија, еден од трите плана што беа одобрени вчера.

    Вчера се огласи и Kина, од каде што ~ беше порачано на Јапонија да ги почитува оправданите безбедносни грижи на земјите од регионот, пренесе кинескиот портал „Џинхуа нет".

    - Политиките на Kина во воената и безбедносната сфера се поврзани со нејзиниот правец на национален развој и ќе влијаат на регионалната безбедност. § порачуваме на Јапонија да се соочи и искрено да ја разгледа нејзината историја, да го следи моментот на мирен развој, да ги почитува разумните безбедносни грижи на земјите од регионот - истакна портпаролот на кинеското МНР, Хуа Чунјинг.
     
       (Дневник)
       18 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 201 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024