По пребројувањето на речиси сите гласови дадени во вториот круг на претседателските избори во Чиле, социјалистката Мишел Бачелет (насловна фотографија) со 62 проценти освоени гласови оствари недостижно водство пред соперничката , конзервативката Евелин Матеи, која доби 37,8 насто од гласовите, што е најслаб резултат на десницата од возобновувањето на демократијата во Чиле.
Таа веднаш го призна поразот и ѝ честиташе на 62-годишната Бачелет на победата. Досегашниот претседател Себастијан Пињера во телевизиско обраќање ја поздрави новата претседателка. „Вие постигнавте голема победа и сакам да ви посакам многу успех, изјави Пињера, кој ја наследи Бачелет на функцијата во 2010 година.
По објавувањето на резултатите Бачелет вети дека целосно ќе ги спроведе реформите во земјата, со цел да се овозможи надминување на големата социјална нееднаквост.
Бачелет во своето обраќање ја потенцира итната потреба од изградба на поправедна држава и ставање крај на нееднаквоста.
„Време е да се спроведат длабоки промени во земјата, без разлика на напорите што треба да се вложи за таа цел, изјави Бачелет.
Во 2006 година Бачелет, која е лекар, стана првата жена претседател на Чиле, а сега стана и првата жена во земјата која по втор пат е избрана на оваа функција.
(Дојче Веле)
18 декември 2013