Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    „Орвел“ пред суд во Америка

    „Орвел" пред суд во Америка

    Технологија која и' овозможува на владата на САД да анализира телефонски податоци на секој телефонски корисник е неуставна
     

    Американски судија пресуди дека масовното собирање телефонски податоци од страна на Националната агенција за безбедност (НСА) е неуставно.

    Сојузниот окружен судија Ричард Леон рече дека практиката на електронската разузнавачка агенција била „произволна инвазија".

    Собирањето „метаподатоци" на агенцијата, вклучувајќи телефонски броеви и време и датуми на повиците, беше обелоденето од поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден.

    Белата куќа го отфрли предлогот Сноуден да добие амнестија ако престане да обелоденува документи.

    Во пресудата во сојузниот суд во Вашингтон, Леон ја нарече програмата на НСА за надзор „недискриминирачка" и „речиси орвелска технологија која и' овозможува на владата да ги чува и анализира телефонските метаподатоци на секој телефонски корисник во САД".

    Пресудата дојде во тужба поднесена од страна на конзервативниот активист Лари Клајман, корисник на мобилен телефон „веризон", кој го оспорил собирањето метаподатоци на НСА во негово име и во име на клиент.

    Леон пресуди дека тужителите демонстрирале „значајна можност за успех по законските права на нивното повикување на четвртиот амандман и дека тие ќе претрпат непоправлива штета", мислејќи на клаузулата во уставот на САД која забранува неразумно пребарување и запленување од страна на владата.

    Тој издаде прелиминарен налог против програмата на НСА за надзор, но го суспендираше налогот за да се овозможи жалба од одделот за правда, овозможувајќи програмата да продолжи засега.

    Клајман изјави за Би-Би-Си дека пресудата „би можела да има непосредно влијание". „Ако НСА продолжи да го прави тоа, тие сега се известени дека тоа е нелегално, а ние ќе се обидеме да ги држиме за кривично непочитување на судот".

    Преку Глен Гринвалд, новинар со кого има блиски врски, Сноуден даде изјава со која ја поздравува пресудата. „Дејствував според мое верување дека програмите на НСА за масовен надзор нема да издржат уставно оспорување и дека американската јавност заслужува шанса да ги види тие прашања решени од отворени судови", напиша тој, јавува „Њујорк тајмс". (Би-Би-Си)

       (Утрински Весник)
        18 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 248 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024