Бразил не планира да му даде на Едвард Сноуден политичка азил во државата, изјави во средата агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор во МНР на Бразил.
Претходно Сноуден им вети на бразилските власти помош околу шпионажата од страна на САД во замена политички азил во државата. Тој напиша отворено писмо и го адресираше до властите на Бразил. Во писмото тој забележа дека бил изненаден од изјавата на бразилската влада, која даде силна критика за дејноста на американските специјални служби во САД.
Според податоците на агенцијата, владата на Бразил не добила официјално барање од Сноуден уште од јуни, кога тој дојде во Москва. Како што изјавил неименуваниот соработник во МНР на Бразил, без официјално барање, државата не може да му даде политички азил на Сноуден.
(Руска реч на македонски)
18 декември 2013