Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:40 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Протести пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел

    Протести пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел

    Неколку стотици демонстранти денеска го блокираа реонот околу седиштето на Европската комисија во Брисел, каде попладнево треба да започне дводневниот редовен Самит на ЕУ.

     

    Демонстрантите со трактори и бали од сено ги блокираа главните улици што водат кон седиштето на ЕУ, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од состојбите во Унијата.

    Според еден од организаторите на протестот Бруно Дижердан, демонстрантите сакаат „Европа за народот".

    -Сакаме Европа која ќе ги почитува работниците и ќе им овозможи на сите работници во Европа да имаат пристојни услови за работа, изјави Дижердан, додавајќи дека учесниците на протестите се незадоволни и поради плановите за склучување договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД.

    Главни теми на дводневниот Самит на ЕУ ќе биде економската криза во еврозоната и мерките за нејзино надминување, како и прашања поврзани со одбраната на ЕУ, односите со Украина и состојбата во Централноафриканската Република.

       (Нова Македонија)

        19 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 213 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024