Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:16 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Студената војна никогаш не заврши? (1дел)

    Студената војна никогаш не заврши?

    Веста дека Русија распоредила ракети „искандер" близу границите на ЕУ и на НАТО доаѓа по договорите меѓу Вашингтон и Москва за Сирија и за Иран и по жестоката битка меѓу Брисел и Москва за Украина. Воинствената реторика и распоредувањето на ракетите не претставуваат враќање во времето на Старата војна, туку отворање ново поглавје од истата војна, сметаат некои аналитичари

     
    АМЕРИКА ЧУВА НУКЛЕАРКИ И ГРАДИ ШТИТ ВО ЕВРОПА, А РУСИЈА РАЗМЕСТУВА РАКЕТИ ДО ЕУ И ДО НАТО

    Идејата бомбардери да полетаат од Запад кон Исток за да фрлат атомски бомби врз руските сили можеби е застарено сценарио од Студената војна, но Америка сѐ уште има нуклеарни бомби во Европа и гради противракетен штит на Стариот континент со сојузниците од НАТО, а Русија жестоко протестира против штитот и нуклеарното оружје и распоредува ракети близу земјите на ЕУ и на НАТО. Воинствената реторика, заканите и ѕвечкањето со оружјето не претставуваат враќање во времето на Студената војна, туку отворање ново поглавје од истата војна што никогаш не заврши, сметаат некои експерти.

    Најновата епизода од разнишаните односи меѓу Западот и Москва се случи неделава, откако германски медиуми објавија оти Русија распоредила ракети „искандер" во својата балтичка енклава Калининград, која се граничи со Полска и Литванија, членки на НАТО и на ЕУ. Според германски „Билд", тајни сателитски снимки покажуваат оти Русите разместиле ракети „искандер-м" во близината на границата со Полска. Веднаш потоа веста ја потврди и рускиот весник „Известија", чии извори посочија оти ракетите биле распоредени изминативе 18 месеци. И портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков потврди дека ракетите се распоредени во Западниот воен округ на Русија, нагласувајќи оти разместувањето на „искандерите" не е спротивно на меѓународните договори.

    Полска и Литванија најавија оти ќе разговараат со сојузниците во НАТО како да реагираат на распоредувањето на ракетите во Калининград. 

    СПЕЦИЈАЛНА МУНИЦИЈА

    Русија уште во 2011 година се закани оти ќе распореди „искандери" во својата западна енклава како одговор на противракетниот штит што САД го градат во Европа со помош на земјите од НАТО. Москва предупреди оти може да ги искористи ракетите за уништување на елементите на противракетниот штит. 
    Рускиот претседател Владимир Путин го наведе штитот како една од причините зашто Русија мора да одржува силна армија и вети до 2020 година да потроши 700 милијарди долари за модернизација на одбраната.

    - Противракетниот одбранбен систем само се нарекува одбранбен, а всушност е значаен дел од стратегиските офанзивни капацитети - нагласи Путин.

    Руските ракети „искандер" имаат дострел од 500 километри, а можат да носат и „специјална муниција" - нуклеарни боеви глави. Ракетите сѐ уште не се вооружени со нуклеарни боеви глави, но ако не биде прифатен предлогот на Москва за повлекување на сето нуклеарно вооружување на сопствена територија, тогаш не се исклучува можноста на „искандерите" или во нивна близина да се појави „специјална муниција". Пораката на Москва пред сѐ е наменета за Вашингтон, кој во Европа сѐ уште има околу двесте нуклеарни бомби „Б61", напиша неодамна Виктор Литовкин, а пренесе „Руска реч".

    - НАТО има тактички нуклеарни оружја во Европа. Кон кого се насочени тие ако не кон Иран? Кон нас - изјави заменик-претседателот на Комисијата за одбрана на руската Дума, Виктор Завзарин, додавајќи оти Русија нема да ја намали одбраната на границите со ЕУ, каде што Западот има стратегиски ракетни сили.
    Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, пак, отиде чекор подалеку и директно предупреди дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје ако некој ја нападне.

    - Можат да експериментираат колку што сакаат со ненуклеарни боеви глави, но треба да знаат дека ако нѐ нападнат, сигурно ќе одговориме со нуклеарно оружје за да ги одбраниме територијата и државните интереси - рече Рогозин, додавајќи дека овој принцип е дел од руската воена доктрина. 
     
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 266 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024