Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:13 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Кина призна за инцидентот со американски воен брод

    Кина призна за инцидентот со американски воен брод

    Пекинг и официјално соопшти дека кинески воен брод имал блиска средба со брод на американската морнарица, потврдувајќи ги американските извештаи за инцидентот во Јужно Кинеско Море во почетокот на месецот

    Пентагон претходно јави дека американски крстосувач бил принуден да изведе маневар за да го избегне судирот со кинескиот брод. Станува збор за еден од најсериозните кинеско-американски инциденти во Јужно Кинеско Море од 2009 година, пренесува Би-би-си. 

    Американските власти соопштија дека крстосувачот „Каупенс", вооружен со наведувани проектили, се наоѓал во меѓународни води. Но државните медиуми во Пекинг тврдат дека американскиот брод премногу се приближил и го попречувал кинескиот носач на авиони „Лианинг", кој учествувал во маневри. Според весникот „Глобал тајмс", американскиот брод претставувал закана за кинеската воена безбедност. 
    Претставник на Пентагон за Ројтерс изјавил дека екипажите на двата брода, сепак, воспоставиле комуникација и извеле маневри за безбеден премин, избегнувајќи судир. 

    Според Би-би-си, „Лианинг", кој е првиот кинески носач на авион, се наоѓал на првото патување во Јужно Кинеско Море, во областа за која Кина тврди дека е нејзина територија. Инцидентот се случува во период на зголемени тензии, откако Пекинг воспостави нова воздушна одбранбена зона над голем дел од ова море, вклучувајќи ги и спорните острови што се под контрола на Јапонија. Јапонија, САД и Јужна Кореја остро го критикуваа чекорот на кинеските власти, обвинувајќи ги за обид за унилатерална промена на статус квото во регионот.
     
       (Нова Македонија)
        19 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 211 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024