Путин: Украина е братска земја
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија не се спротиставува на поблиските односи меѓу Европската Унија и Украина, која за Москва е братска држава и затоа и нуди економска помош. Во денешната годишна маратонска прес конференција, Путин истакна дека договорот со Украина во вторникот бил од интерес за украинскиот народ. Русија и понуди 15 милијарди долари кредит на Украина и за една третина и ја намали цената за рускиот гас. Путин рече дека Москва не барала ништо за возврат. Рускиот претседател одговора на прашањата на над илјада домашни и странски новинари.
(Радио Слободна Европа)
19 декември 2013