Снимката, постирана на Интернет, го прикажува пристигнувањето на оклопното воено возило на крстосница каде шлепер останал заглавен во снегот. Неколку моменти подоцна, тенкот се придвижува влечејќи го камионот зад себе.
Според британски Телеграф, ваквата сцена се повторила неколку пати во текот на денот во разни делови од градот.
Весникот заклучува дека британските власти од снимката можат да научат како се решава проблемот со заглавениот сообраќај среде снежните врнежи.
http://youtu.be/N5-NZBqGN5w
(Денешен Весник)
19 декември 2013