Нигериската полиција откри нова „фабрика за деца"
Нигериската полиција денеска соопшти дека извршила упад во куќа во која се наоѓале 19 трудници, кои требало да ги продадат своите новороденчиња во рамките на најновата акција за откривање „фабрики за бебиња", пренесува МИА
Сопственикот на станбениот простор, за кого постои сомнеж дека бил посредник во трговијата со деца, се наоѓа во бегство, изјави Џефри Огбон, портпарол на полицијата во југоисточната нигериска држава Абија.
- Полицијата уапси 19 идни мајки во различни стадиуми од бременоста, изјави Огбон.
Југоисточна Нигерија се соочува со епидемија на трговија со луѓе, а годинава се откриени неколку куќи кои служеле како породилни центри на црниот пазар.
Претходно нигериската полиција соопшти дека извршила упад во куќа и ослободила група трудни девојки и млади жени кои наводно биле принудени да раѓаат деца со цел за нивна продажба.
(Нова Македонија)
20 декември 2013