Доживотна казна за хомосексуалците во Уганда
Парламентот на Уганда усвоил нацрт закон со кој се заоструваат казните за хомосексуализмот, а меѓу нив е и изрекување доживотна затворска казна за „прекршителите и повратниците"
Затворската казна е предвидена и доколку некоја личност не пријави нечија хомосексуална активност кај полицијата, пренесува Би-Би-Си.
Лидерите во повеќето земји го критикуваа новиот закон за хомосексуализмот, а меѓу нив и претседателот на САД Барак Обама. Некои од земјите донатори најавија и можно укинување на помошта за Уганда.
За да стапи на сила законот ќе треба да биде потпишан и од претседателот на државата Јовер Музевени.
(Нова Македонија)
20 декември 2013