Во Украина покрената истрага поради обид за државен удар
Украинската служба за безбедност отвори кривична истрага против неколку лица, обвинети за обид за државен удар, изјави денеска државниот обвинител, генералот Виктор Пшонка
Украинската служба за безбедност ја испитува одговорноста за акциите, кои имале за цел насилна промена на уставниот систем или освојување на власта, но Пшонка не ги именуваше лицата против кои е отворена истрагата.
Отворени се 40 кривични истраги, вклучувајќи го и случајот на демолирање на споменикот на Ленин во центарот на Киев, а кои се поврзани со насилните настани во Киев од 24 ноември до 11 декември.
(Нова Македонија)
20 декември 2013