Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:25 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Ако СФРЈ не се распаднеше и регионот и ЕУ ќе беа во подобра состојба

    Ако СФРЈ не се распаднеше и регионот и ЕУ ќе беа во подобра состојба

    Доколку СФРЈ не се распаднеше и влезеше во Европската Унија, целиот регион на Балканот ќе беше подобро место, а ЕУ немаше да биде толку поделена и многу порано ќе ги решеше прашањата, кои ја мачат денес, заклучува соработникот на Германскиот совет за надворешна политика Корнелиус Адебар

     

    Тоа е интересна замисла. Замислете како би изгледала Европа доколку не се распаднеше Федеративната Република Југославија, туку само се отфрлеше префиксот „социјалистичка"- се наведува во заклучокот на Адебар.

    Според Адебар на тој начин би биле поштедени животите на стотици илјади лица во Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија, а ЕУ не би била толку поделена и немоќна пред убиствата на „нејзиниот праг", а САД не би морале да испраќаат војници на европско тло, прв пат од Втората светска војна.

    - Накусо целиот регион би можел да биде подобро место, а со тој заклучок би се согласиле и голем број граѓани на сегашните независни држави наследнички - смета авторот.

    Адебар поаѓа од хипотезата дека Југославија би се кандидирала за членство во 1991 година, а две години подоцна би почнала преговори, заедно со Австрија, Финска и Шведска.

    Меѓутоа поради проблемите со високата стапка на невработеност, јавниот долг и инфлацијата, како и неконтролираните државни компании, нејзиното пристапување би траело подолго, така што би станала членка заедно со Унгарија, Естонија и Малта. 

       (Нова Македонија)

       21 декември 2013 

    Rating: 0.0/0
    Views: 219 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024