Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:24 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Крај на цивилизацијата што ја знаеме (1дел)

    Крај на цивилизацијата што ја знаеме

    Не ни е намерата да плашиме, туку да гледаме на настаните рационално и ладнокрвно за да носиме правилни одлуки во исклучително тешкиот период што следува и кој ќе има последици врз целиот свет

     

    Украина ги исполнува сите критериуми за една посериозна европска безбедносна криза

    АНАЛИЗА: ОРВЕЛОВА ВИЗИЈА ЗА СРЕЌНА НОВА ЕВРОПСКА 2014 ГОДИНА

    „Охрабрени" од развојот на состојбата во економијата, светските економисти предупредуваат на пропаст на општествата и на цивилизацијата што ја познаваме. Не кажуваат ништо спектакуларно и неочекувано. Општо е познато дека и световите и општествата и цивилизациите имаат век на траење. Оваа нашава, според сите индикатори, се наоѓа во претсмртна агонија зашто го достигна својот врв, остаре и веќе не продуцира нова вредност. Нема ни репродуктивна моќ, па старее. На просторот што е „слободен" масовно се доселуваат мигранти од други простори. Преселбите на народите не се нешто ново во историјатот на човештвото. Европа сега повторно го живее тој момент. Овој процес, со ништо и со никаква мерка, не може да се спречи. Секој обид ќе биде без успех, како и во минатото. Процутот на расизмот и на фашизмот токму во периоди на големи кризи не е случаен. Тој е реакција, одбранбен механизам на „смртник" што не сака да се соочи со вистината. Кога нагоните ќе се претворат во реал-политика, тогаш наместо паметни решенија, се случуваат тешки лупинзи со неверојатни последици. На  ова предупредувавме повеќепати во изминативе пет години, особено по првиот залет на манифестационен фашизам. Затоа сега, гледајќи ги знаците на она што неминовно следува низ Европа, ќе одиме во анализата чекор подалеку. Не ни е намерата да плашиме, туку да гледаме на настаните рационално и ладнокрвно за да носиме правилни одлуки во драматичниот и динамичен период што следува и кој ќе има последици врз целиот свет. 

    ИЗБОРОТ ПАДНА НА УКРАИНА

    Ситуацијата во Европа во моментов е следна: ЕУ со една глупава одлука создаде услови на нејзина почва да се отвори крупно жариште со огромни последици за целиот континент. Поради таа непромисленост и серијата економски политики, европските најугледни аналитичари хорски предупредуваат: Брисел ја води Европа во пропаст!

    Украина. Државата што има долга и богата историја на замрзнат конфликт, која ја следат сите земји со несреќна геополитичка карта на просторот, овој пат се најде на работ на нова граѓанска војна само зашто Вашингтон реши да влезе во политички „петинг" со Москва преку Брисел. Двете престолнини си ги одмеруваат силите на секоја точка на глобусот каде што нивните интереси се допираат. Брисел е нешто како политички Франкенштајн, маска зад која се крие Германија, единствената реална точка на европска моќ, ама контролирана и управувана од САД. Не е веќе важно кој е поводот. Сите знаат дека е фијаското околу војната што САД ја планираа со Сирија, а на патот до следната со Иран и сјајната дипломатска игра на велемајсторската репрезентација на Русија. Ситуацијата на Блискиот и на Средниот Исток, па и во Северна Африка, по оваа епизода е драматично сменета на штета на американските интереси. Затоа, логично беше да се очекува брза компензација за реванш-партија. Избрана е варијантата што до срце ќе го здоболе Путин.

    Искрено, не верувам дека има многу изненадени од изборот. Опциите, кога е Европа во прашање, историски се ограничени или на Балканот или малку погоре, на места каде што се тријат тектонските плочи на интереси на она што во 20 век е дефинирано како исток и запад на Европа. Бидејќи Балканот е пречесто и повеќекратно абен како причина или повод за поголеми војни, а Русија никогаш и не била папочно врзана со нашиот регион дотолку за да ја здоболе до коска, и затоа што Полска и Чешка веќе го платија цехот во Втората светска војна, а сега се правоверни носители на американскиот ракетен штит, изборот падна на Украина. Ги исполнува сите критериуми за една посериозна европска безбедносна криза. Таа во овој момент издиша поради потпишувањето на договорот меѓу украинскиот и рускиот претседател, ама не доволно брзо за да не се види вистинската причина поради која „некои нешта случајно ќе им се случуваат" на Европејците, значи и нам. Имено, Германија во име на ЕУ, подолго време со САД работи на трговска унија, што е основа на идно трансатлантско институционално политичко „зближување". Како одговор на старата идеја за евроазиско „мерџирање" ете го другиот евроамерикански проект. Интересно, Германија игра и во двата историски филма силна карактерна улога. Но кога е така, мора да се очекуваат силни реакции на партнерите и ривали во исто време при секое скршнување на Берлин кон едниот или другиот правец. А тоа не е нималку едноставна операција. 

     

     
    Rating: 0.0/0
    Views: 198 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024