Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:52 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Крај на цивилизацијата што ја знаеме

    Крај на цивилизацијата што ја знаеме

     

    ГЛАВОБОЛКА ЗА ГЕРМАНИЈА

    Украинската епизода покажа дека мало кокетирање на Берлин со Вашингтон преку директивите на ЕУ за „Јужен тек" ѝ донесе неизвесност на пауперизираната Европа сврзана со снабдувањето со топлинска енергија, гас за домаќинствата и го проблематизира дури и функционалниот „Северен тек", што е посебна главоболка за Германија. Оти таа, иако единствена добро ја поминува и досегашната економска криза, енергетски стои на стаклени нозе по затворањето на нуклеарките. Последниве години за пет и пол пати поскапе цената на киловат-час. Германците, при некаква посилна реакција на Русите, сосема сигурно нема да ѝ простат на Меркел. Украинската епизода исто така го отвори патот до разместувањето на ракетите „искандер" на Балтикот. Со тоа сега Европа стана шаховско поле, на кое играат други фигури. Покрај сѐ друго, го продлабочи судирот на земјите-членки со централната бриселска политика, која и онака е предмет на општо незадоволство кај европската популација. Поделбата на богат север и сиромашен југ на православен исток и католичко-реформистички запад само се продлабочува. 

    Во вакви „измешани" услови, навистина е тешко да се води квалитетна политика, што катаден го гледаме низ „идејните" решенија на Унијата. Тие се практично панично донесени ад хок одлуки, кои само ја нагласуваат неспособноста на континентот да се самоорганизира како самоодржлив. Со други зборови, ја истакнува основната слабост, која просто вреска за патерналистичка заштита или од САД или од Русија. НАТО не е веќе организација што може да ја даде таа гаранција. НАТО веќе сега е завеса од чад, зад која самоуверено ѕирка Пентагон. На Америка всушност повеќе не ѝ треба НАТО, освен како клуб што ништо не работи, а дрочи. Ѝ треба чиста ситуација, а тоа е на сите европски членки на НАТО да им стави до знаење дека без Пентагон, Европа не може да постои како цивилизација, односно да се одбрани од Москва (познатата Евроазија). 

    ЧЕТИРИЕСЕТ МИЛИОНИ КЛОШАРИ

    Брисел и досега покажа завидно ниво на лоша заедничка европска економска, одбранбена и надворешна политика. Со последнава одлука само се потврдува нивото на очај од фактите: по пет црни години финансиска криза, единствена економски здрава е Германија. Од актуелната криза, стана посилна. Паралелно, тоа ги чини многу сите други. Последните податоци објавени од „Евростат" говорат дека 140 милиони Европејци живеат на работ на сиромаштијата, а 40 милиони од нив како клошари. Можеби медиумите не сакаат да ја прикажат вистината, но таа е таква што не се крие. Западните престолнини мирисаат на солзавец, покриени со чадот на димни бомби, а измиени од водни топови. Полицијата во големите западноевропски градови работи во три смени. Крвави глави, модринки, апсени и ранети станаа секојдневие. 

    Франција и Шпанија со пештерите Ласко и Алтамира се сметаат за лулка на пештерската цивилизација на кромањонецот и неандерталецот. Пештерските предци на денешниот цивилизиран Европеец. И што ти е континуитет на идентитет и културно наследство од кое не може да се побегне! Во Шпанија, по силниот бран пауперизација на средната класа, снаодливите, креативни Шпанци-бездомници се враќаат во пештерите. Буквално. Гранада има дури цела населба на пештерски граѓани, кои ги создадоа овие години на криза. Нив локалните власти решија да ги истераат оттаму оти ја резилат сликата што се обидува да ја поправи рејтинг-агенцијата „Стандард и Пурс", предвидувајќи ѝ на Шпанија посветла економска иднина во 2014 година. На ваквите тектонски цивилизациски поместувања, шпанските полицајци реагираат одлучно, а без ефект, иако Вашингтон од нив не бара да си седат мадро и кротко, како од украинските. 

    Не е јасно дали и гордите Англичани ќе го следат овој пример, со оглед на нивните идентитетно-традициски специфики, но по новогодишниот подарок што го примија од Брисел, сигурно нема сѐ да остане на окупирањето на универзитетите од страна на студентите и уличните протести на новиот бран бездомници. Имено, ЕУ им испрати цели 20 милиони евра за храна на оние што се хранат само преку банките за храна. А не се малкумина. Во Италија, елегантна и цивилизирана од поодамна, „протестантите" решија да го оживеат своето средновековие и масовно ги претвораат градовите во свои слободни зони по урнекот на средновековните чифлици. Ги контролираат влезовите и излезите од градовите и, за да го чуваат континуитетот на идентитетот, ги бојат во црвено. Ни Франција не паѓа подолу. Освен најавата за влез во нова тура рецесија, од која не ја спасија ни новата војна во Централна Африка ни прекомпонираниот европски „развоен" буџет, кој ја субвенционира француската работничка класа, непопуларниот Франсоа Оланд со историски најнизок рејтинг се соочува и со силен демонстрантски бран. Првите денови поминаа релативно кротко - со апсење 21 демонстрант и претепување со крвјосување на стотици граѓани. 

    Што и да е, како и да е, Украина сепак не е доволно голема за да го покрие фактот дека ЕУ е играчка во рацете на САД (а станува и на Русија), која сака тоа да биде врежано во главите на секој Европеец. За таа цел е испланирана големата „хуманитарна" вежба на НАТО, која визуелно ќе личи на големиот истовар на војска во Нормандија. Четириесет илјади НАТО-војници веќе во 2014-та ќе се истоварат на брегот на Шпанија и на Португалија за почеток. Потоа, сѐ ќе зависи од текот на настаните во срцето на Европа и на нејзиниот краен север. Ракети и штитови се поставени. Политиката функционира панично, народот протестира, фашисти и антифашисти се пумпаат за судир, референдуми се најавуваат, економијата никако да закрепне, а се најавува експлозија на новиот кризен меур. Се чека само денот Д.

    По тој настан, САД, Русија, Кина, заедно со Германија, ќе седнат да ја испреговараат постмодерната иднина на европскиот континент. На прагот сме кога ќе се напише првата страница на новата европска историја. Можеби навистина Украина е за ЕУ-бесплатен профит како што оцени Сергеј Лавров, ама за компензација сите 28 членки се влог во идната поделба на интересни зони меѓу САД, Кина и Русија. Впрочем, и Орвел одамна го „видел" светот како тристрана империја составена од Океанија, Еврорусија и Источно Царство.

     
       
    Автор: Мирка Велиновска  
     
       
       (Нова Македонија)
        21 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 196 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024