Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:26 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Турската влада во криза по истрагата за корупција (1дел)

    Турската влада во криза по истрагата за корупција

    Невообичаено е влада да обвинува полициски службеници за политички заговор. Особено не кога тие ќе покренат истрага за корупција. Но, токму тоа деновиве се случува во Турција.
    Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
     
    Гоце Атанасов
     

    Истрагата на турската полиција за наводна повеќемилионска шема за купување злато во која е инволвиран и Иран му донесе голема политичка криза на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Сложената афера го натера да обвини полициски службеници за покренување нечиста операција против владата. Во истрагата за мито и корупција беа приведени синови на тројца министри и бизнисмени. 

    Фетула Гулен, Реџеп Таип Ердоган
    Фетула Гулен, Реџеп Таип Ердоган


    Ердоган навести кој би можело да стои зад оваа истрага и кој, како што рече, сакал да создаде „држава во држава".

    Јавното мислење знае за кого премиерот или неговите министри зборуваат кога спомнуваат банда или паралелна држава во држава, бидејќи не е за прв пат Ердоган да го прави тоа.


    Ердоган не го наведе името на организацијата, но употреби референци кои ставаат јасно до знаење дека ги обвинува следбениите на Фетула Гулен, влијателен муслимански свештеник кој живее во Соединетите Држави.

    „Јавното мислење знае за кого премиерот или неговите министри зборуваат кога спомнуваат банда или паралелна држава во држава, бидејќи не е за прв пат Ердоган да го прави тоа", вели Барвин Јинанч, од истанбулскиот весник „Хуриет".

    Битката околу корупциската истрага ги турна полициските службеници и некои обвинители директно против министрите во потесниот круг на Ердоган.

    Притоа тие објавуваа детали за истрагата, како на пример за кутии за чевли во кои имало 4 ипол милиони долари во станот на извршниот директор на Халк банката или пак за машина за броење пари во спалната на еден министерски син.

    Rating: 0.0/0
    Views: 209 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024