Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Турската влада во криза по истрагата за корупција (2дел)

    Турската влада во криза по истрагата за корупција

    Некои велат дека тие пари му припаѓале на иранскиот бизнисмен Реза Зараб кој ги префрлил во Турција за да купи злато кое ќе го пренесе во Иран. Не се спомнува дали во операцијата била вклучена и иранската влада чија земја е под меѓународни санкции. Како одговор на истрагата, турската влада разреши високи полициски офицери, вклучувајќи го и шефот на истанбулската полиција Хусеин Чапкин.

    Како и да е, аферата е голем удар за Ердоган, бидејќи неговата Партија на правдата и развојот дојде на власт во 2003 година со кампања за „чисти раце".


    Сегашната истрага е прв поголем предизвик за Ердоган на само неколку месеци пред локалните и претседателски избори.

    „Предизвиците за неговото владеење во Турција се зголемија годинава. Секуларните протести во мај и јуни беа против автократијата и големата исламистичка тенденција на Ердоган. Сегашниот удар е од верска страна која исто така не е задоволна од начинот на кој владее", вели Џејмс Кер Линдзи, аналитичар од Лондон.

    Сегашниот скандал го покажа и дефинитивното раскинување меѓу оние што му се лојални на Ердоган и следбениците на Гулен кои претходно соработуваа со цел муслиманската конзервативна Партија на правдата и развојот да дојде на власт.

    Но, и едните и другите имаат иста политичка агенда, базирана врз исламски и бизнис вредности.

    Гулен живее во Соединетите Држави од 1999 година откако ја напушти Турција за да се лекува. Но, многумина веруваат дека тој тогаш избегал за да не му биде судено за обид да ја трансформира земјата во исламска држава.

     
       (Радио Слободна Европа)
        21 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 206 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024