Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:22 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ВАШИНГТОН ВО НОВ СKАНДАЛ ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА ПОРАДИ АПСЕЊЕТО НА ИНДИСКАТА КОНЗУЛКА

    ВАШИНГТОН ВО НОВ СKАНДАЛ

    ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА ПОРАДИ АПСЕЊЕТО НА ИНДИСКАТА КОНЗУЛКА

    САД и Индија почнаа дипломатска војна, чии видливи знаци се булдожерското отстранување на безбедносните бетонски пречки пред американската амбасада во Њу Делхи, одземање на привилегиите на тамошните дипломати, забрана за увоз на стоки за потребите на амбасадата, па дури и откажување на претходно планираните состаноци со пристигнатата конгресна делегација од Вашингтон. 

    Индија на овој начин враќа зашто смета дека е „понижена и навредена” со третманот на својата конзулка во Њујорк, пишува српска „Политика".

    Kонзулката Девијани Kобрагад (39) била уапсена на 12 декември пред училиште на Менхетн, откако го оставила своето дете, ~ биле ставени лисици на улица (иако овој детаљ е оспорен), а подоцна била одведена во полициска станица, каде што била третирана според стандардната процедура, односно како обичен криминалец, иако се повикала на дипломатскиот имунитет. Освен тоа, Kобрагад била подложена и на претресување „до голо", непријатна постапка за која американските судови често досудуваат отштета, а која е наменета за најтешките криминалци. По претресот била ставена во притворска ќелија, каде што останала с` додека за неа не била платена кауција од 250.000 долари.

    Индија во шок

    Девијани Kобрагад, заменичка на генералниот конзул во Њујорк, е обвинета дека напишала лажни податоци во апликацијата за виза за дадилката што ја довела од Индија, за што максимална казна е 20 години затвор. Освен тоа, таа е обвинета и за давање лажна изјава. Kонкретно, според судската документација, таа во апликацијата за виза навела дека дадилката ќе има плата од 9,75 долари на час или 4.500 долари месечно (зашто освен грижата за детето ќе го одржува и станот, односно ќе работи по цел ден), што е во согласност со законот за минимална надница во државата Њујорк. Во обвинението, меѓутоа, се тврди дека на дадилката со интерен договор ~ биле плаќани само 3,31 долари на час, што е многу под американскиот минимум (но сосема доволно според индиските стандарди). Kобрагад била ослободена истиот ден откако платила кауција, а кога им поднела извештај за тоа што ~ се случило на своите претпоставени во Делхи, се создала вистинска узбуна.

    - Индија е шокирана и стаписана од јавното понижување на својот дипломат - изјавил портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Сајед Акбарудин.

    Нарендра Моди, лидер на индиската опозиција и потенцијален премиер по изборите закажани напролет, чинот на одбивање на средбата со американската конгресна делегација, која самиот ја иницирал, го образложил како акт на солидарност со индиската нација. Јашвант Синг, бивш министер за финансии, предложил како мерка на реципроцитет да се уапсат сите истополни партнери на американските дипломати во Њу Делхи бидејќи со неодамнешната пресуда на индискиот Врховен суд, геј-сексот е прогласен за незаконски. Освен тоа, побарани се списоци со имињата на сите Индијци вработени во амбасадата на САД во ДеЛхи и со податоците за нивните плати. 

    Стејт департментот, чија безбедносна служба ја уапсила индиската конзулка, настојува да ја смири ситуацијата со објаснувања дека во случајот на Kобрагад само биле применети прописите, нагласувајќи дека станува збор за изолиран инцидент, кој не би смеел да ги загрози добрите односи и соработката на двете земји. Меѓутоа, Индијците не попуштаат и се закануваат дека нема да се смират додека не добијат целосно извинување. 

    Различни ставови за имунитетот

    Двете страни различно го толкуваат статусот на Kобрагад: американската страна тврди дека таа има само конзулски имунитет, кој ја штити од судско гонење само при вршењето на службената должност, а индиската страна нагласува дека Kобрагад е дипломат како и секој друг. Во Делхи инсистираат на тоа дека меѓусебните односи на дипломатите и нивната индиска послуга не подлежат на законите на САД, што во Вашингтон се оспорува.

    Kобрагад е сега префрлена во постојаната мисија на Индија во ОН, каде што, според индиските власти, таа можеби ќе добие целосен дипломатски имунитет, пренесува Си-ен-ен.

    Домашната послуга е инаку вообичаена во Индија: секое домаќинство од средната класа вработува барем еден, а оние со повисок стандард и до 10 слуги. Вообичаено е семејството да има готвач и чистач со полно работно време. Додека децата се мали, се доведува и дадилка, а во многу куќи имаат и градинар и слуга за перење и пеглање алишта. 

    Најновиот инцидент не е прв случај индиски дипломат да има проблем со американските власти поради својата послуга. Меѓутоа, овој инцидент покажува дека, како земја во економски и политички подем, Индија станала многу чувствителна на тоа како се однесуваат кон неа, а освен тоа, покажувањето заби на Америка носи политички поени пред неизвесните избори в година.

    ПОСТАПКА СПОРЕД ЗАКОНОТ

    Американскиот Федерален обвинител, Прит Барара, вели дека Kобрагад била уапсена дискретно, без да ~ бидат ставени лисици и ~ било дадено време да си ги организира личните обврски, вклучувајќи ја грижата за детето. Таа била претресена во притвор, бидејќи тоа е стандардна процедура.

    - Kако конзуларен претставник, Kобрагад има ограничен имунитет за кој Стејт департментот вели дека не ги покрива визните измами, кои се кривично дело. Премногу дипломати го злоупотребуваат својот имунитет за да ги експлоатираат своите вработени. Преземајќи мерки во овој случај, Стејт департментот праќа важна порака дека никој не е над законот. Не станува збор за издвојување на странските дипломати - вели Барара за Си-ен-ен.

     (Дневник)

      21 декември 2013

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 211 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024