Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:27 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    KАЧУЛKИТЕ СЕ ОГЛАСИЈА KЈУ-КЛУКС-КЛАНОТ ЌЕ ГО СОБОРУВА ОБАМА

    KАЧУЛKИТЕ СЕ ОГЛАСИЈА

    KЈУ-КЛУКС-КЛАНОТ ЌЕ ГО СОБОРУВА ОБАМА

     

    Гранка на Kју-клукс-кланот (KKK) од Мериленд, наречена Kонфедеративните бели витези, завчера најави дека планира да одржи состанок во владина зграда и почна да составува план за симнување од власт на американскиот претседател Барак Обама, пренесе „Раша тудеј". Групата резервирала просторија во општинската зграда на округот Сесил. 

    Оваа група е стара само две години, но на нејзината веб-страница јасно се гледа дека членовите се поврзани со KKK, група што ги тероризирала Афроамериканците во првата половина на минатиот век. Ричард Престон, големиот мудрец, односно лидерот на групата, пред вчерашниот состанок истакна дека тој ќе биде насочен кон илегалната имиграција и симнувањето од власт на Обама.

    - Барак Хусеин Обама е илегален претседател. Тој треба да биде отстранет од кабинетот. Исто така сакаме крај на Обамакер. Тоа е против граѓанските права. Сакаме зајакнување на законите за имиграција. Преплавени сме од илегални имигранти и нашите луѓе не можат да најдат работа - истакна Престон.

    Престон сепак инсистира дека состанокот и неговата омраза кон Обама, нема врска со неговата боја на кожа. Локалната полиција во Сесил била предупредена за состанокот од ФБИ.

    - Рекоа да очекуваме од 40 до 200 луѓе. Тие не се загрижени за Престон. Повеќе се загрижени за луѓето што би можеле да се појават - изјави Џими Расел од локалната полиција.

    Ал Веин, директорот за администрација за округот Сесил, рече дека групата добила пристап до зградата поради првиот амандман, според кој на локалните власти им се забранува дискриминација на правото на организациите на слобода на говор и мирен собир на место што е јавна сопственост, без оглед колку навредлива може да биде пораката. Витезите на својата веб-страница појаснуваат дека за да може некој да им се придружи, кандидатот мора да биде роден и израснат Американец, не може да биде муслиман или Евреин.

     

       (Дневник)

        21 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024