Според истите извори, четворица од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Првиот напад, при кој има и најмногу повредени, се случил кога автомобил-бомба експлодирал пред еден хотел. Во другите два напади биле активирани експлозивни направи прицврстени на мотицикли паркирани пред полициски станици.
Властите претпоставуваат дека нападите се дело на локалните муслимански бунтовници.
Од почетокот на вооружената борба на муслиманските бунтовници во три провинции на југот од Тајланд во 2004 година, па досега, при герилски и бомбашки напади загинаа над 5.000 лица.
Будистите се мнозинство во цел Тајланд, освен во трите јужни провинции крај границата со Малезија, каде повеќето од жителите се муслимани.
(Денешен Весник)