Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:55 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ЗАПАДОТ ЈА НАПУШТА СИРИСКАТА ОПОЗИЦИЈА: Турција во замка за вооружувањето

    ЗАПАДОТ ЈА НАПУШТА СИРИСКАТА ОПОЗИЦИЈА: Турција во замка за вооружувањето
    siriju-putem-sigurnih-kuca-u-turskoj_6520_5514

    На Запад почнува да преовладува мислењето дека победата на силите на Башар Асад е најдобро од можните сценарија за Сирија. Европските и американските официјални лица засега уште тоа не го кажуваат директно, но постепено ја намалуваат помошта за сириските бунтовници. Меѓутоа, Дамаск плански ги исполнува условите на договорот за уништување на својот хемиски арсенал. Русија му вети помош во осигурувањето на безбедноста на тој процес.
    Русија ќе ги пушти бродовите на своите воено-поморски сили поради осигурување на безбедноста на транспортирањето на сириското хемиско оружје од Латакија во едно од европските пристаништа. Таму отровните супстанции ќе бидат претоварени на специјално опремени американски бродови заради нивна ликвидација. За тоа на почетокот на оваа недела зборуваше шефот на руското МИП Сергеј Лавров.

    Сирија: Ученици од основно училиште жртви на терористичкиот напад

    Во сириската провинција Хомс покрај основно училиште експлодираше миниран автомобил. Погинаа најмалку седум луѓе, од нив пет деца.
    Соопштено е дека нападот се случил во шиитскиот дел од градот.
    Шиитите пријателски се однесуваат кон претседателот на Сирија Башар Асад и неговите истоверници алавитите.
    Терористите, кои се борат против Асад и неговата власт, главно, се сунити.
    Според податоците на ОН, од почетокот на конфликтот во Сирија загинаа 100.000 луѓе, а 1,17 милиони Сиријци беа принудени да ја напуштат земјата.
    Нешто подоцна заменикот на постојаниот претставник на Русија при Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) Василиј Титушкин соопшти дека сирискиот хемиски арсенал ќе биде уништен блиску до крајбрежјето на Италија. Учеството на руската воена морнарица е неопходно за да се избегнат провокациите од страна на екстремистите.
    Да потсетиме, штом во Женева беше постигнат договорот за ликвидирање на сириското хемиско оружје, радикалите ветија дека ќе ппопречуваат на неговата реализација. Меѓутоа, односот кон самите востаници на Запад постојано се менува. Таму веќе отворено велат дека победата на Асад беше вистинско богатство за Сирија. Пред микрофонот е експертот на Институтот за стратешки проценки и анализа Сергеј Демиденко.
    Денес е за сите очигледно дека Башар Асад го подржува поголем дел од населението, дека во опозицијата преовладуваат радикални исламисти (тоа Запад посебно го плаши). Дека фактички световната опозиција е слаба, неспособна да ја преземе власта, ако падне режимот на Асад, таа со ништо нема да може да им спротистави на исламистите. Таквото гледиште настанло на основа на анализата на таквите ситуации. Во дипломатските и политичките кругови на Запад тоа мислење одамна циркулира. Друга работа е тоа што истото денес фактички станува официјално.
    При неодамнешната средба на "Пријателите на Сирија" во Лондон на претставниците на опозицијата јасно им ставиле до знаење дека на Запад повеќе не ја сметаат оставката на Асад за неопходен услов за нормализација на ситуацијата. Напротив, сега неговата победа ја сметаат за најдобро од можните сценарија. За тоа соопшти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на учесниците во лондоските преговори.
    Инаку, набрзо потоа претставник на стејт департментот Мари Харф го демантираше тоа соопштение. Според нејзините зборови, САД и понатаму сметаат дека Асад мора да си оди, во преодната влада за него нема место. Меѓутоа, тешко дека изјавата на Харв го одразува вистинското расположение на американското раководство - смета шефот на Советот за надворешна и одбрамбена политика Федор Лукјанов.
    Сите реални американски специјалисти денес говорат дека секое сценарио за победа на опозицијата е полошо од останатите. Каков и да е Асад, при него Сирија беше доста стабилна, можеби пак ќе биде. Ако му се дозволи победа, проблемот во секој случај може да биде одложен. Меѓутоа, на политичко ниво тоа не е можно да се каже, зашто тогаш не е јасно со што се занимаваа во текот на неколку години.
    За промената на ставовите на земјите од Запад допринесе и тоа, што во конфронтација со Асад се истакнаа најрадикалните групи на бунтовници. И тоа, во последно време тие војуваат не само против силите на власта, туку и против поумерените опозиционери. На пример, неодамна исламистите ги запленија магацините со оружје на Слободната сириска армија, потоа лидерот на таа структура беше принуден да побегне од земјата. Затоа САД и Велика Британија го објавија прекинувањето на доставување на воена техника на бунтовниците.
     Turska vojska zastava
    Турција и наоружувањето на Сирија
    Само од јуни 2013 Турција на сириските востаници им испорача 47 тони оружје, јавуваат турските јавни медиуми, повикувајќи се на базата на податоци на ОН за меѓународнат трговија со оружје на О.Н. Комтраде. Овие сознанија предизвикаа реакција, а официјална Анкара изјавува дека во Сирија се испорачуваат само сачмарки и ловечко оружје. Како што е познато, Турција, речиси отворено, се залага за соборување на режимот на Башар Асад во Сирија и ги подржува востаниците во соседната земја. Меѓутоа, подршката на исламистите со испорака на оружје може да се сврти против Турција.
    Ова не е прва потврда за испорака на оружје во Сирија. Во Турската провинција Коња приведени се тројца, кои се поврзани со Ал Каеда. Кај нив е запленет 250 кг материјал, кој го користеле за производство на експлозив. Како и министерот за одбрана, кој ја негираше воената намена на материјалот, така и уапсените тврдеа дека материјалот го користат за перење на долна облека. При сослушувањето се покажа дека материјалот бил предвиден за испорака во Сирија. Оваа година во Турција беа уапсени вкупно 25 лица, обвинети за префрлање на оружје во Сирија, меѓу кои има и поврзани со Ал Каеда. Освен тоа познато е, дека на просторот на Турција се наоѓаат бази за обучување на припадниците на вооружените формации, наменети за водење на вооружени акции на просторот на Сирија.
    До ден денешен Турција ги затвораше очите за слободното движење на радикалните исламисти преку својата територија во Сирија. Меѓутоа пред еден месец, турскиот МИП официјално призна дека на страна на сириската опозиција војуваат и турски граѓани. Директорот на Центарот за Блискиот Исток и Кавказ на Меѓународниот институт на новите држави Станислав Тарасов смета дека по неуспехот на европско-американскиот преговарачки потфат, во рамките на таканаречениот клуб на Пријатели на Сирија, Турција ќе остана насамо со проблемот на вооружените судири на своите граници.
    По почетниот настап во својство на апостол на демократијата со барање за соборување на авторитарниот режим во Сирија, Турција од првите редови премина во последните. Дефинитивно беше истисната од политичкиот процес, зашто основниот договор е постигнат помеѓу Америка и Русија. И сега таа мора да ги санира последиците на неуспехот на својата политика.
    Ескалацијата на судирот се заканува со дестабилизација како на Турција, така и на другите соседни земји, смета експертот.
    Вооружените судири се одвиваат непосредно на границите на Турција, освен тоа овие погранични делови на територијата периодично се изложени на минофрлачки и артилериски оган. Додека порано Анкара за тоа го обвинуваше Дамаск, сега според оценката на западните набљудувачи, се работи за обид на радикалните исламистички групи да го прошират фронтот на својата борба и да ја вовлечат Турција во вооружени судири, за на тој начин да постигнат турската војска да почне инвазија на Сирија. Ескалацијата на судирот може да ги вовлече и соседните земји - Ирак и Иран.
    За тоа, дека помошта на востаниците, посебно од исламистичката струја, ќе се сврти против самата Турција, говори професорот од Институтот за меѓународно полјоделство и меѓународни односи Виктор Надеин-Рајевски.
    Што се однесува до испораките, ние го гледаме само врвот на ледениот брег. Нема сомнеж дека испораките биле значително поголеми. Сачмарките, кои за лов ги испорачувала Турција - тоа се бајки. Зашто таму веќе нема простор за лов, освен на политички противници. Тоа е опасна појава, посебно за Турција. Мешањето во сирискиот судир ги покрена оние внатрешни политички сили во Турција и оние слоеви на населението кои порано беа притегнати. На пример, турските алевити, кои се во сродство со сириските алевити.
    Освен алевитите, може да се подигнат Курдите, кои се вовлечени во настаните во Сирија. На североистокот од земјата живее бројна курдска заедница, која објави своја автономија. Според мислењето на Наедин-Рајевски, испораките на оружје на сириските востаници е - сериозна закана, тоа дури се заканува со дезинтеграција на Турција.
    Вооружената сириска опозиција, нејзиниот исламски дел, многу дрско се однесуваат на турскиот простор. Грабежите, насилството во пограничните региони постанаа секојдневие. И тоа не само во пограничните делови од територијата, туку и во внатрешните делови од Турција. Настана таква ситуација, во која секоја подршка на противниците на Асад од страна на турската власт води кон дезинтеграција на Турција, и ова е крајно сериозна закана.
    На тој начин, помошта на опозиционите сили во Сирија, за Турција е мина со одложено дејство. Останува надежта за договорот, кој можеби ќе биде постигнат на наредната средба во рамките на "Женева-2", која ќе се одржи на 22 јануари.

       (Глас Русије)
        23 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 192 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024